Момците откриваат дали би можеле да бидат сексуално задоволни со една жена до крајот на животот

Момците откриваат дали би можеле да бидат сексуално задоволни со една жена до крајот на животот

Хемијата и сексуалното задоволство се важен дел од љубовните врски. Дури и највљубените парови може да наидат на проблеми доколку зарѓаат малку во спалната соба. Секако дека постојат начини да го зачините сексуалниот живот, но што ќе правите кога ќе ги истрошите сите можности? Што ако почнете да го доживувате сексот како секојдневна и задолжителна рутина, наместо како страсно и огнено задоволство?

Момците откриваат: Дали би можеле да бидат сексуално задоволни со една жена до крајот на животот?

Ако проблемите помеѓу чаршафите можат да се случат секому, што останува тогаш за брачните парови кои дале ветување дека целиот свој живот ќе го поминат со една личност? Дали мажите би можеле да го направат тоа или би им станало премногу здодевно? Во продолжение дознајте дали момците можат да се замислат со една жена до крајот на животот, без да им здодее сексот со неа…

Потребно е да се вложи труд

„Сега за сега сѐ е во ред. Повеќе од 20 години сум со една личност и успеваме да најдеме нови начини за да си пружиме задоволство. Секако дека треба да се вложи труд, но мислам дека животот со еден партнер може да доведе до подобар секс во целост. И двајцата знаеме што сакаме, а што не ни се допаѓа. Дали се прашувам каков би бил сексот со друга жена? Понекогаш. Но, најчесто задоволен сум од сериозната моногамна врска.“

Мислењето и чувствата за сексот се менуваат како што созревате

„Мислам дека е возможно да се биде сексуално задоволен од една единствена личност, сѐ додека ви се совпаѓаат либидата и желбите. Моето мислење за сексот сега кога имам 30 години е сосема поразлично од мислењето што сум го имал во 20-тите години од животот. Тогаш бев многу поповршен и секогаш очекував дека следната вагина ќе биде подобра и поволшебна. Подоцна сфатив дека сексот со една партнерка станува сѐ подобар и подобар, бидејќи и на двајцата ви станува поудобно.“

„Треба само да созреете. Обично мажите во нивните доцни 20-ти години сфаќаат дека сите вагини се исти и дека не е поентата само да спијат со различни жени. Но, ова важи доколку партнерката е слободоумна и сака да истражува. Доколку таа претпочита само мисионерска поза со згаснати светла, тогаш тоа може да претставува проблем.“

Некои парови имаат одличен секс и покрај тоа што се заедно многу долго време

„Пресметав и мојата проценка е дека со сопругата сме имале секс повеќе од 3.000 пати во рок од 17 години. Тоа воопшто не е здодевно. Освен тоа, нашиот секс е одличен. Таа е задоволна од мене, нејзиното тело сѐ уште ме возбудува и постојано правиме различни забавни работи. Понекогаш имаме див еротски секс. Понекогаш имаме секс за несоница. Имаме и романтичен секс. Не можам да се пожалам од ништо. Повторувањето е мајка на знаењето.“

Момците откриваат: Дали би можеле да бидат сексуално задоволни со една жена до крајот на животот?

Понекогаш треба се направи разлика помеѓу сексот и љубовта

„Сексот со една жена до крајот на животот е невозможен. Но, водењето љубов е поразлично. Така што, мојот одговор е да. Доволна ми е една жена до крајот на животот.“

За некои луѓе, полигамниот живот нуди поголема можност за истражување и сексуални авантури

„Мислам дека зависи од луѓето, но јас не би можел да имам таков живот. Мислам дека мојот полигамен живот има врска со тоа што долго време немав секс и веднаш потоа се оженив, така што никогаш немав можност да искусам сексуален живот со различни луѓе.“

Продолжете на следната страница за останатите исповеди…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар