Момци заборавете на цвеќињата и чоколадите! Еве што навистина сакаат жените за 8-ми март...

Момци заборавете на цвеќињата и чоколадите! Еве што навистина сакаат жените за 8-ми март…

8-ми март е меѓународниот ден на жената. Иако е вообичаено секоја дама да се дарува со внимание и ситни подароци, тие оваа година би сакале да добијат нешто малку поразлично. Погледнете ги одговорите на следниве 6 жени кои објаснуваат што за нив е најдобар подарок за 8-ми март…

Момци заборавете на цвеќињата и чоколадите! Еве што навистина сакаат жените за 8-ми март...

„Мојот сопруг никогаш не ги помни важните датуми и годишнини, но кога станува збор за Денот на жената, секогаш се враќа дома со букет цвеќиња. И иако тоа е многу убав гест, многу помило би ми било само ако ми каже: ‘Те ценам! Ти си прекрасна мајка и совршена жена, не знам што би правел без тебе!’“ – Ирена, 40 години.

„Секоја чест на моите машки колеги кои не забораваат да им го честитаат Денот на жената на своите колеги. Но, наместо честитки со празни зборови, многу повеќе би ценела разговор со шефот кој би ме пофалил за добро сработената работа, што ако продолжи така, би довела до покачување на платата.“ – Мартина, 34 години.

„Мојата мајка ми има кажувано дека на времето шефовите ги носеле жените на излет за Денот на жената. Не би имала ништо против бесплатно патување, или барем еден слободен ден.“ – Татјана, 38 години.

„Мене не ми треба слободен ден од работа, но би било одлично ако дома ме чека среден стан, зготвен ручек и мирни дечиња што веќе ја завршиле својата домашна задача и чекаат да се договориме што да правиме заедно вечерта.“ – Маја, 31 година.

„Никогаш не сум сакала да славам нешто само еден ден од годината. Љубовта треба секојдневно да се слави, а не само на Денот на вљубените. Исто така и жените треба да ја добиваат заслужената почит секој ден од годината, а не само на 8-ми март. Секоја личност заслужува почит, без разлика на полот, годините или сексуалната ориентираност.“ – Славица, 46 години.

„Имам многу стресна работа и постојано мечтаам за топла бања, одлична книга и малку мир. Мислам дека не барам многу.“ – Јована, 49 години.

Прочитајте ги и овие моќни цитати за жените кои ќе ве мотивираат и инспирираат!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар