Момци откриваат што најмногу ги привлекува кај нивните девојките

Момци откриваат што најмногу ги привлекува кај нивните девојките

Девојки, ако мислевте дека момците најмногу се фокусираат на физичкиот изглед, тогаш без сомнение сте во голема заблуда. Прочитајте ги следниве изјави од 15 момци кои со само неколку зборови ја опишуваат причината за љубовта кон нивните девојки што ќе ве остават без зборови и ќе ве натераат да се замислите.

Момци откриваат што најмногу ги привлекува кај нивните девојките

„Начинот на кој таа комуницира со другите жени. Таа е љубезна и топла, секогаш подготвена за разговор.“ – Нејтан, 24

„Нејзината самодоверба, начинот на кој гледа право во вашите очи, отворено и искрено.“ – Дерик, 28

„Ја обожавам нејзината интелигенција и страста која ја чувствува за остварување на своите цели.“ – Кејлеб, 30

„Нејзината топла, светла насмевка.“ – Ли, 26

„Фактот што постојано е пријателски настроена, но истовремено и не трпи никој да ја гази.“ – Џефри, 27

„Тоа што знае како да се шегува со моите пријатели, без срам.“ – Ерик, 25

„Нејзината автентичност.“ – Глен, 27

„Нејзиниот талент да пее и свири на гитара. Кога ја слушам, секој пат одново се вљубувам во неа.“ – Матеј, 23

„Звукот на нејзиното смеење. Толку заразно, неодоливо и весело.“ – Ворен, 26

„Фактот што знае како да се забавува и шегува додека истовремено не се плаши дали изгледа глупаво или будалесто.“ – Кристијан, 24

„Нејзината амбициозност.“ – Теренс, 30

„Енергијата, чувството за авантура, спонтаноста.“ – Рос, 25

„Таа е блиска со своето семејство и токму поради тоа ја сакам уште повеќе.“ – Клинт, 26

„Нејзината смисла за хумор. Тоа е првото нешто што го гледам кај жените.“ – Џејк, 24

„Начинот на кој се бори да ги оствари своите соништа, дури и кога сè е против неа.“ – Бен, 29


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар