Момци, освојте ја со само една реченица

Момци, освојте ја со само една реченица

Без разлика дали вашата врска само што почнала или веќе подолго време сте заедно, постојат зборови и реченици што на жените никогаш нема да им досади да ги слушаат. Покрај „Те сакам“, тие би сакале да ги слушнат и следниве изјави од вашата уста, бидејќи со нив вие им давате до знаење дека сте лудо заљубени и дека го цените секој момент поминат со нив. Освојте им го срцето со само неколку зборови и нацртајте насмевка на нивното лице!

Момци, освојте ја со само една реченица

„Зборувај ми за твојот ден. Не оставај ниту една ситница.“

„Не мора да имаме секс вечерва. Сакам само да заспијам во твојата прегратка.“

„Испланирав романтичен викенд за двајца. Спакувај ги куферите!“

„Едвај чекам да те видам во твојата венчаница.“

„Ти си единствената жена покрај која би сакал да заспивам до крајот на мојот живот.“

„Кога сме заедно, не сакам да се чувствуваш ништо помалку од совршено.“

„Ме инспирираш да бидам подобра личност.“

„Знам дека ти дојде месечниот циклус, па затоа ти подготвив топла бања со миризливи свеќи и музика.“

„Ценам сè што правиш за мене, и сакам да го знаеш тоа.“

„Ти си ми првата мисла секое утро и првата приоритет во текот на целиот ден.“

„Сакам да те бакнам, но не сакам да ја уништам твојата прекрасна шминка.“

„Знам дека можеш да живееш без мене, но се надевам дека нема да дојде до тоа.“

„Што сакаш да јадеме вечерва? Ти одбери.“

„Соблечи се за да можам да ти го измасирам целото тело.“

„Го обожавам твоето стомаче.“

„Ќе направам сè што е во моја моќ за да ти го овозможам животот што го заслужуваш.“

„Љубовта не е доволно силен збор за да ги опише моите чувства кон тебе.“

„Твоите усни се мојот омилен вкус.“

„Би можел да те слушам како зборуваш со часови.“

„Твоите гради и задник се многу секси, но јас ја обожавам твојата насмевка.“

Момци, освојте ја со само една реченица

„Правиш да се чувствувам возбуден за иднината.“

„Ти си мојот сон.“

„Знам дека имаше тежок ден на работа, па затоа јас ќе готвам денес.“

„Ти си најдобриот пријател што некогаш сум го имал.“

„Вечерва, сексот ќе се врти исклучиво околу твоите потреби.“

„Секое утро ми изгледаш поубаво од претходното.“

„Твојата коса мириса прекрасно.“

„Твојата среќа води директно кон мојата среќа.“

„Имаш одличен вкус за музика.“

„Не би променил ништо кај тебе.“

„Се гордеам со тебе.“

„Сакам да го поминам целиот мој живот покрај тебе.“

„Ајде да одиме на местото каде што прв пат те запознав.“

„Лудо сум заљубен во тебе.“

„Ти благодарам за сè што правиш за мене.“

„Кога те гледам тебе, како да гледам во ѕвездите.“

„Дали забележуваш колку си талентирана?“

„Ти си причината поради која лесно и возбудено се будам секое утро.“

„Се надевам дека ти дадов до знаење колку те љубам, бидејќи заслужуваш да знаеш.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар