Момци, еве како ја губите девојката што сака да биде ваша

Момци, еве како ја губите девојката што сака да биде ваша

Вие ја губите секој пат кога правите да се чувствува како опција, додека во нејзините очи постојано сте приоритет. Вие ја губите кога ја држите на растојание од себе, а таа постојано ве одбирала само вас. Ја губите и секој пат кога ги заматувате границите на вашата врска и таа не знае на што е, бидејќи се чувствува како сè што се случува меѓу вас да е црно-бело.

Момци, еве како ја губите девојката што сака да биде ваша

Вие ја губите секогаш кога ќе ја излажете, додека таа била неизмерно искрена со вас. Ја губите и кога не сакате да ѝ се посветите кога таа сè прави за вас, како и кога ја постојано ја оставате, а со тоа ѝ предизвикувате мали празнини што никогаш повторно не се пополнуваат. Тие ќе растат и ќе се шират сè додека едноставно не остане место во нејзиното срце за вас.

Вие ја губите секој пат кога ја искористувате, физички или емоционално, и кога манипулирате со неа, а таа целосно ви се предала. Вие ја губите и кога се повлекувате, а потоа повторно се враќате во нејзиниот живот, преправајќи се дека ништо не се сменило. Ја губите и кога ѝ кажувате да си оди, а потоа ѝ се лутите затоа што ве послушала.

Вие ја губите кога си играте умствени игри со неа, или кога ја нервирате само за да видите до кога ќе издржи, а таа дозволила да биде ранлива пред вас. Ја губите и кога ѝ дозволувате да ви се приближи, па во моментот штом е блиску до вас, ја туркате подалеку. Ја губите и кога не ѝ кажувате како се чувствувате, ниту пак ѝ покажувате со своите дела дека таа нешто ви значи.

Вие ја губите и секојпат кога таа се бори за вас, а вие не преземате ништо. Ја губите и кога ѝ велите дека ја љубите, а со сите свои постапки ѝ го покажувате токму спротивното, исто како и кога не ѝ одговарате на важните прашања и ја оставате самата да си ги пополнува дупките. Без сомнеж, ја губите и кога дозволувате некој друг да се грижи за неа онака како што вие би требало.

А кога таа конечно ќе реши дека е доста и ќе се оттргне од вас, што и да направите понатаму, како и да се чувствувате кон неа, веќе нема да биде важно. Таа веќе не може да ве види кога се врти наназад, бидејќи сте далеку од неа. И кога ви шепоти „Збогум“, барајќи причина да остане, вие продолжувате нечујно по својот пат, оддалечувајќи се уште подалеку.

Вие ја губите бидејќи не заслужувате личност како неа. Таа ви дала сè, но вие не успевавте на време да го препознаете тоа. Најироничниот дел е тоа што дури откако таа засекогаш ќе излезе од вашиот живот, вие ќе сфатите што сте имале, но не сте успеале да го задржите. Тогаш веќе ќе биде предоцна, бидејќи таа ќе биде среќна во туѓи прегратки на личност што вистински ја цени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар