Момци еве каде грешите: 3 чекори кои ќе ја доведат до силен оргазам

Момци еве каде грешите: 3 чекори кои ќе ја доведат до силен оргазам

Доколку се прашувате зошто не можете да стигнете до тоа топло и убаво чувство, можеби тајната се крие во тоа што партнерот не ги знае вистинските трикови кои ќе ви донесат оргазмичен транс. Со помош на овие три чекори секоја жена ќе доживее оргазам.

0-momci-eve-kade-gresite-3-cekori-koi-ke-ja-dovedat-do-silen-orgazam-kafepauza.mk

1. Релаксирање

Поради комплекси поврзани со изгледот или како резултат на психичка бариера, голем број жени не можат да се опуштат за време на сексот. Затоа е потребно да ѝ бидат искажани искрени комплименти и восхитување кои ќе ја опуштат. Исто така, партнерот мора да биде сигурен дека атмосферата ѝ е пријатна за таа да се чувствува заштитено и сигурно. Доколку има придушено светло, подгответе романтична атмосфера пропратена со долга предигра. Еротските масажи исто така се полн погодок.

2. Стимулирање на вистинските точки

Дури 67% од жените признаваат дека барем еднаш во животот одглумеле оргазам. Притоа, 78% од нив тоа го направиле за да избегнат разочарување од партнерот, а 25% затоа што имале чувство дека партнерот не знае што прави. Пред сѐ, за да го задоволите женското тело, мора да го познавате. Подеднакво важно е и да ги слушате нејзините потреби. Затоа сексолозите истакнуваат дека жените преку мастурбација сами откриваат што ги возбудува и потоа тие тајни споделуваат со своите партнери. Сѐ што треба вие да направите е да слушате.

3. Стимулација на клиторисот

Овде треба да имате на ум 2 работи: Прво, голем дел од жените не можат да постигнат оргазам само преку пенетрација и второ, во женскиот клиторис има дури 8.000 нервни завршетоци. Соодветната стимулација на клиторисот е најдобриот и наједноставниот начин до женски оргазам. Оваа точка е прав вулкан на задоволство, но секако, не е доволно само да се притисне за да функционира.

Голем број од жените уживаат во стимулација со помош на јазикот и кружни движења на прстите кои завршуваат во горниот лев дел од клиторисот. На крај, подеднакво е важна и самата поза во сексот. Па така, најдобри се оние пози кои овозможуваат паралелна стимулација на повеќе ерогени зони.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар