Моќта на прашањата – Прашувајте, прашувајте, прашувајте...

Моќта на прашањата – Прашувајте, прашувајте, прашувајте…

Автор: Калин Бабушку

Поттикнат од една случка на ќерка ми, каде што ѝ било срам да постави прашање, па поради тоа не ја разбрала задачата и автоматски лошо поминала на тестот, увидов дека кога поголемиот број луѓе се срамат да постават прашања на некој начин ги потиснуваат во себе. Да биде уште пострашно, од мали нозе нè учат или ги учиме децата дека поставувањето прашања е срамота или е непотребно и во тој случај што да очекуваме од тие деца кога ќе пораснат?!

mokjta-na-prashanjata-prashuvajte-prashuvajte-prashuvajte-kafepauza.mk

Напротив, да се постави прашање е многу убава работа. Eвe само неколку примери каде што со прашања ќе можете да:

Запознаете подобро со соговорникот или со ситуацијата – И да знаете со кого разговарате и за што разговарате. Прашањата тука се од општа природа и се чисто информативни.

Имате контрола – Со прашања ја контролирате ситуацијата во разговорот и добивате повеќе информации. Со самото тоа што вие поставувате прашања кон соговорникот, автоматски вршите притисок врз него/нејзе да одговори (не секој сака да одговори на прашања), така што ја владеете ситуацијата.

Подобро слушате – Ги развивате способностите за слушање, нешто што многу малку луѓе кај нас го имаат. А дополнително на тоа, ако не ви се зборува, со поставување на прашање, зборувањето го префрлате кај соговорникот. Отворените прашања тука се повеќе од добредојдени.

Мислите – Со поставување прашања активно учествувате во конверзацијата и ситуацијата и тоа ве тера да мислите и да бидете постојано ментално активни.

Го уверите соговорникот – Со поставување на т.н. реторички прашања во ситуација сте да го уверите соговорникот во исправноста на тоа што го зборите.

Развивате комуникациски вештини – Поставувањето прашања е најубава алатка за развој на овие вештини. Со секое прашање, приморани сте да размислувате, зборувате и да слушате.

Продадете услуга или производ – Што повеќе прашања, полесно ќе можете да дознаете што е вистинската потреба на вашиот клиент, партнер, соговорник и полесно ќе можете да го најдете решението за нивната потреба, а со тоа и да понудите и да продадете услуга или продукт.

Развиете лидерски способности – И да го контролирате вашиот тим , но и да ја владеете ситуацијата во која сте или ќе бидете, а вашиот тим навремено да ги извршува работите.

Решите проблем – Да дознаете што е проблемот и зошто се случил и да ви овозможи полесно да го решите или да најдете некое решение кое ќе биде задоволително за двете страни.

Го менаџирате времето – Да дознаете до кога треба некоја работа да се заврши или кога треба да бидете на некое место.

Приоритизирате – Со поставување прашање ќе можете да донесете одлука, која работа е приоритетна од другата.

Како што можете да видите, прашањата имаат влијание во многу аспекти од нашите животи (приватни или професионални), а ние уште од самиот старт им велиме на децата дека е срамота да прашуват. Поставувајте прашања што повеќе и поттикнете го тоа кај другите околу вас, ќе видите кави промени ќе се случат кај вас и во околината.

Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар