Моќта на пенкалото: 5 научни причини да пишувате повеќе

Моќта на пенкалото: 5 научни причини да пишувате повеќе

Секој кој има желба да пишува би требало максимално да го искористи својот талент. Но, доколку не сте по креативното пишување, постојат ментални и физички придобивки дури и од пишувањето за вашиот живот, како на пример водење дневник или блог. На тој начин можете да си ги подобрите и здравјето и психолошката благосостојба.

Моќта на пенкалото: 5 научни причини да пишувате повеќе

Различни форми на пишување покажале подобрување во учењето, намалување на анксиозноста, полесно справување со траума, подобрување на физичкото здравје, како и различни видови подобрувања на социјалното и бихејвиоралното поле.

Пишувањето го подобрува процесот на учење

Пишувањето е одличен начин да го задлабочите вашиот мозок во материјалот кој се обидувате да го научите. Oваа техника помага да се зацврсти сфаќањето на поголема содржина откако ќе ги затворите своите забелешки и кога ќе се обидувате да се потсетувате на информациите кои сте ги научиле со ваши зборови, а не само на факти кои се повторуваат. Исто така доколку студентите се поактивни во изработката на трудовите, тоа ќе им помогне да бидат подобри и попрактични во разбирањето на она што треба да го научат.

Пишувањето ве ослободува од анксиозност

Истражувачите веруваат дека зголемената анксиозност и стрес може да влијае многу на вашата работна меморија и да ги намали менталните ресурси кога ви се најпотребни. Со писменото опишување на вашата анксиозност ќе се ослободите од некои грижи и ќе ја подобрите вашата работна меморија за да можете полесно да се фокусирате на одредени задачи. Беилок, кој го водел истражувањето на оваа студија вели:

„Всушност, ние мислиме дека овој вид пишување ќе им помогне на луѓето да ги остварат своите најдобри перформанси во различни ситуации преполни со притисок – без разлика дали станува збор за голема презентација пред еден клиент или говор пред поголема публика.“

Пишувањето може да ви помогне во надминување на трауматски искуства

Истражувачите имаат теорија дека експресивното пишување може да биде од голема корист по некои потешки искуства. Како прво, пишувањето за вашите трауматски настани може да ви помогне да се соочите со претходно потиснати емоции, кои можат да бидат голем товар за телото и умот доколку продолжите да ги игнорирате. Како второ, експресивното пишување може да доведе до некои поврзани случувања од минатото кои ќе ви помогнат да ги реорганизирате и структурирате трауматските сеќавања, резултирајќи со поадаптивна интерна шема.

Експресивното пишување најчесто се објаснува на следниов начин:

„Во следните 4 дена, пишувајте за вашите најдлабоки мисли и чувства поврзани со најтрауматичното искуство во целиот ваш живот или пак, за екстремно важен емоционален проблем кој постојано влијае на вас и вашиот живот. Во пишувањето слободно целосно опуштете се и истражувајте ги вашите најдлабоки емоции и размислувања. Можете дури и да ги поврзете темите на пишување со вашите врски со луѓето околу вас, вклучувајќи ги родителите, партнерите, пријателите или роднините; со вашето минато, сегашност или иднина; или пак, со тоа какви сте биле, какви сакате да бидете или какви сте во овој момент. Можете да пишувате за истите генерални проблеми и искуства во текот на сите денови или за различни теми секој ден. Целото ваше пишување ќе биде комплетно доверливо.

Исто така не грижете се за печатните, граматичките или грешките во структурата на речениците. Единственото правило е: штом почнете да пишувате, продолжете сè додека не ви истече времето.“

Според истражувањата, овој вид изразување има значајни емоционални придобивки. Експресивното пишување покажува долготрајни ефекти во:

  • Подобрување на расположението
  • Подобрување на психолошката благосостојба
  • Намалување на симптомите на депресија
  • Намалени пост-трауматски доживувања и симптоми на избегнување на проблемот
  • Намалување на пост-трауматското стресно пореметување

Пишувањето го подобрува и вашето физичко здравје

Се разбира дека доколку имате сериозна медицинска ситуација, не смеете да прекинете да се консултирате со доктор или да се откажете од веќе препишаниот третман. Но, сепак добро е да знаете дека пишувањето игра позитивна улога во зголемување на вашето физичко здравје. Експресивното пишување може да ви помогне и на оваа тема, бидејќи на тој начин ќе го намалите нивото на стрес во вашето тело и ќе го подобрите целосниот имунитет.

Пишувањето може да помогне при снаоѓањето во одредени социјални и бихејвиорални ситуации

Пишувањето покажува зголемени академски достигнувања, како и зголемени перформанси во спортот, на работа и во други социјални и бихејвиорални интеракции. Експресивното пишување може да ви помогне дури и при собирање храброст во пристапувањето на онаа личност која ви се допаѓа веќе подолго време. Преку пишувањето, ние ги ослободуваме мислите и чувствата и поради тоа можеме полесно да реагираме во одредени ситуации бидејќи не сме „заглавени“ во нив.

Вежба: Пишувајте по 15 минути секој ден, една недела

Доколку веќе немате навика редовно да пишувате, започнете со барем 15-тина минути секојдневно пишување во текот на една недела. Пишувајте за вашата анксиозност, грижи и немири кои во тој момент ги чувствувате. Пишувајте за какви било проблеми низ кои поминувате и како би можеле да ги решите.

Пробајте да пишувате цели 15 минути, без пауза и потоа на крајот од неделата прочитајте го сè она што сте го напишале. Последниот ден од неделата направете кратка содржина на вашето пишувачко искуство и напишете дали почувствувавте некакви придобивки. Доколку откриете дека оваа вежба ви е од корист – продолжете да ја практикувате и понатаму.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар