Моќта на минералната шминка
Минералните шминки станаа омилени рудници на убавина во последно време. Тие умеат да ѝ дадат подобар интензитет на бојата што изгледа многу привлечно. Нејзини главни компоненти се природно настанатите минерални материјали од земјата, како титаниум диоксид (природна заштита од сонце), цинк оксид (природен антиинфламатор) и железо оксид. Овие минерали се секако, фино брусени и прочистени пред да влезат во производството со шминките.Корисниците на минерална козметика имаат повеќе причини поради кои ги користат и обожаваат овие шминки. За почеток, тие се негувачи на кожата, ја лечат и имаат антивоспалително дејство. Со нивната моќ за темелно покривање на кожата додека истовремено таа го задржува природниот изглед, тие се одлични маски на лузните, црвенилата и акните.
Многу козметички хирурзи им дозволуваат на нивните пациенти да користат минерална шминка затоа што таа ја спречува појавата на потенцијални иритации. Всушност, оние кои страдаат од акни, тврдат дека нивната кожа се променила после користењето на минерална шминка бидејќи таа има неутрална рН и не поддржува бактерии.
Не само што клучните состојки (титаниум диоксид и цинк оксид) ја лекуваат кожата – тие исто така овозможуваат заштита на лицето од сонце, водоотпорни се и ја рефлектираат светлината, што ја прави блескава особено постарата кожа.
Друг важен ефект од користењето на минералната шминка е фактот дека таа не ги затнува порите туку ја остава кожата да дише. Кратката листа на состојки во секоја шминка, кои се главни виновници за инфекција на кожата, односно парфемот и конзервансите, во минералните шминки се отсутни. Љубителите на оваа шминка исто така ја обожаваат поради тоа што трае подолго, дава поголема покриеност и е полесна за отстранување.
Нанесувањето на минерална шминка е различно од нанесувањето на останатите шминки. Тоа особено важи за пудрата во прав чија суперфина текстура бара при нанесувањето да се распореди по целата површина на лицето со специјална четка за минерална шминка.
Ви предлагаме и едно видео за тоа како се нанесува пудрата во прав од минерално потекло.
Автор: Ивана Петковска
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.