Моќни афирмации кои ги користат најуспешните луѓе во светот за да го добијат тоа што го сакаат

Моќни афирмации кои ги користат најуспешните луѓе во светот за да го добијат тоа што го сакаат

Сигурно повеќепати досега сте прочитале дека го привлекувате она што го мислите. Исто така, веројатно знаете дека позитивните афирмации можат многу да влијаат на начинот на размислување. Доколку не ви е јасно какви афирмации треба да користите, прочитајте ги моќните афирмации на најуспешните луѓе во светот…

Моќни афирмации кои ги користат најуспешните луѓе во светот за да го добијат тоа што го сакаат

1. „Јас сум…“

„Јас сум“ е позната како најмоќната молитва во универзумот. Кога велите „Јас сакам“, ставате акцент на тоа што го немате. Кога велите „Јас сум“, станувате магнети за она што го посакувате, бидејќи го препознавате потенцијалот што го имате во себе.

2. „Сакам да го променам тоа“

Одберете нешто во вашиот живот што отсекогаш ви претставувало проблем и кажете „Сакам да го променам тоа“. На тој начин, ќе ја „размрдате“ заглавената енергија и ќе почнете да ја трансформирате. Вашата подготвеност да смените нешто е првиот чекор кон успехот.

3. „Многу сум благодарен/на“

Ако секој ден покажувате благодарност за нешто, без разлика дали се работи за ситница или за нешто големо, ќе забележите дека ќе почне да се случува нешто неверојатно. Колку поголема благодарност покажувате, толку повеќе работи ќе добивате од животот.

4. „Судено ми е да го усовршам она што ми претставува најголем проблем“

Доколку се мачите со нешто подолго време, тоа е така затоа што ви е судено да го совладате тој проблем во животот. Ако сте имале голем број лоши врски, тоа значи дека универзумот ве подготвувал за вашата сродна душа. Ако ви е смачено од вашата работа, тоа значи дека наскоро ќе започнете сопствена кариера. Нештата што ви претставуваат најголем проблем ве подготвуваат за прекрасните работи што ве очекуваат во иднина.

5. „Им наредувам на сите мои клетки да се ослободат од лошите навики, рутини, болести и карми“

Некои луѓе мислат дека вашите клетки ве „слушаат“ и одговараат на сето она што го мислите, велите и правите.

6. „Живеам во бесконечно изобилство“

Некои луѓе тврдат дека оваа афирмација им донела огромни количини на богатство и мир.

Моќни афирмации кои ги користат најуспешните луѓе во светот за да го добијат тоа што го сакаат

7. „Мојот потенцијал е бесконечен“

Кога ќе сфатите дека вашиот потенцијал е бесконечен и дека можете да бидете подобри, посилни, помирни, побогати, посреќни и поуспешни, вашите соништа полека ќе почнат да се остваруваат.

8. „Се ослободувам од потсвесната траума“

Кога вашето тело ги складира траумите, многу е важно да се ослободите од стравовите што ви предизвикуваат немири.

9. „Секој ден, на различен начин, станувам сѐ подобар/а и подобар/а“

Понекогаш, патот до успехот не е воопшто лесен и безбеден. Мора постојано да се уверувате себеси дека се ослободувате од енергијата што ви пречи и дека секогаш се доближувате до најдобрата верзија од себе.

10. „Парите се енергија што постои во мојот ум“

Ќе знаете да управувате со парите онолку колку што самите ќе одлучите. Ќе можете да заработите онолку пари колку што ќе решите. Ќе добиете онолку пари колку што мислите дека заслужувате.

11. „Моето поле на перцепција не го ограничува мојот свет“

Бидете подготвени да прифаќате решенија кои се поголеми од работите што можете да си ги замислите. Кога не го добиваме она што го сакаме, тоа е најчесто така затоа што нѐ очекува нешто многу подобро.

12. „Знам кој/а сум во суштина, знам што сум во суштина“

Кога ќе дознаете кои сте во суштина, ќе се ослободите од желбите што ви ги наметнуваат ниските страсти и ќе почнете да се борите за работите што навистина ви значат.

Моќни афирмации кои ги користат најуспешните луѓе во светот за да го добијат тоа што го сакаат

13. „Горд/а сум на својот живо и горд/а сум на тоа што сум“

Ќе можете да одредите дали целосно го остварувате вашиот потенцијал, доколку дознаете дали сте горди на работите што ги правите. Ако сте среќни и сакате да го споделите тоа со светот, тоа значи дека живеете со полни гради.

14. „Моето трето око ми помага да го визуализирам она што е најдобро за мене во животот. Не треба да се плашам од првичниот неуспех“

Им даваме преголема моќ на нашите мисли и чувства, а забораваме дека токму емоциите одредуваат како ќе се однесуваме во одредена ситуација. Забораваме дека нема магично да се исполнат сите идеи што ќе ни поминат низ глава.

15. „Моите стравови се лажни илузии. Вистината е мојата главна инспирација“

Секогаш кога стравот ќе ви го обземе умот, запомнете дека тоа е само илузија. Вистината треба да ве инспирира, да ви даде надеж и мир. Колку пати вашите стравови станале реалност? Сигурно многу ретко се случува тоа. Колку често вашите инспирации стануваат реалност? Секој ден!

16. „Судено ми е да го добијам сето она што го посакувам“

Желбите не се случајни, тие се верзии на нашите визии. Тие се сигнали што ни го откриваат токму она што ќе го доживееме. Не можете да се грижите толку многу за нешто што не ви е судено да го остварите.

17. „Лесно ќе можам да го постигнам она што го сакам, бидејќи моите желби се во согласност со мојата суштина“

Кога ќе сфатите дека преголемиот труд, болка и стрес се знаци за тоа дека не сте на вистинскиот пат, ќе се ослободите од илузијата дека мора да работите понапорно за да си ја олесните маката.

18. „Почнувам да создавам уште веднаш“

Токму во овој момент, минатото завршува, а иднината започнува. И двете се илузии на моментот, бидејќи сѐ што постои е бесконечното сега. Моменталното дејство е единственото нешто што може да ја започне вашата трансформација и промена во животот.

Прочитајте ги и следниве 34 позитивни афирмации кои ќе го поддржат вашето духовно созревање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар