Моќен текст за луѓето кои одбиваат да се извлечат од канџите на осаменоста

Моќен текст за луѓето кои одбиваат да се извлечат од канџите на осаменоста

Треба да знаете дека не сте сами. Треба да верувате дека луѓето околу вас можат да ве извлечат од осаменоста. Тие можат да ве ослободат од темнината. Можат да ви ја покажат нивната љубов. Треба да знаете дека осаменоста не е решение. Не припаѓате таму. Животот не се сведува на тоа. Осаменоста не е вашето прибежиште и не е вашата конечна дестинација.

Моќен текст за луѓето кои одбиваат да се извлечат од канџите на осаменоста

Сигурно сте задоволни со осаменоста, бидејќи е безбедна. Подобро да бидете сами отколку да се зближите со луѓе кои ќе ве напуштат или да сметате на пријателите кои ќе ве разочараат. Подобро е да бидете осамени отколку да бидете опкружени со бучава и луѓе кои не ве разбираат. Но, не е сѐ така црно-бело. Постои излез. Постои една среќна средина.

Таа средина започнува со малку верба, мал ризик и мал обид да се зближите со некого постепено. Почнува со првиот чекор надвор од вашето удобно мало меурче. Почнува со тоа што ќе споделите дел од себе со луѓето кои сакаат да дознаат повеќе за вас и вашата приказна.

Треба да разберете дека ако им ја покажете вашата ранливост на луѓето, ќе станете посилни. Ако им го покажете вашето вистинско лице, тие ќе ве засакаат уште повеќе. Треба да сфатите дека постојат луѓе кои ќе ја видат вашата темна страна и ќе останат покрај вас.

Треба да разберете дека осаменоста никогаш нема да ве спаси од болката, потешкотиите и животните предизвици. Осаменоста нема да ги промени вашите чувства и љубовта кон саканите. Нема да ви помогне да заборавите некого и нема да го смени она што ви се случува однатре.

Треба да научите како да им дозволите на луѓето да влезат во вашиот свет. Треба да научите како да ги барате пријателите кога ви требаат. Не треба да се срамите од фактот што некој ви недостасува или го сакате, бидејќи понекогаш луѓето токму тоа сакаат да го чујат од вас за да можат да бидат покрај вас и да ви ги олеснат осамените ноќи. Тие сакаат да сфатите дека чекале да им пружите рака пред да ве земат во прегратка.

Треба да сфатите дека осаменоста не е безбедна. Таа никогаш нема да стане вашиот дом. Не заслужувате да бидете осамени, туку сакани, ценети и прифатени. Колку побрзо го разберете тоа толку полесно ќе се извлечете од канџите на осаменоста.

Доколку се пронајдовте во текстот, прочитајте ги следниве 7 знаци дека страдате од хронична осаменост.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар