Моќен психолошки метод за справување со негативните мисли

Моќен психолошки метод за справување со негативните мисли

Станува збор за едноставна, но моќна вежба која ќе ви помогне да ги трансформирате вашите негативни мисли во позитивни и на тој начин ќе можете да ги подобрите сите области од вашиот живот. Сè што треба е да се фокусирате на вашите мисли и потоа со одредени зборови, полека, да го смените нивното значење. Еве како можете да го сторите тоа…

Моќен психолошки метод за справување со негативните мисли

Прв чекор

Одберете една од областите во вашиот живот која сакате да ја подобрите така што ќе ја евалвирате вашата сегашна ситуација. Можете слободно да изберете помеѓу кариерата, љубовната врска, здравјето, парите… Сè што сметате дека би можело да се подобри. Ајде заедно да го направиме ова, така што во овој случај ќе ја земеме кариерата како пример.

Втор чекор

Запишете ги првите 3 мисли кои ќе ви паднат на памет, а се поврзани со оваа област од вашиот живот. Тие може да бидат слични на следниве примери, или пак, нешто сосема различно, кое ја отсликува вистинската слика за вашата моментална ситуација.

  • Ја мразам мојата работа.
  • Немам иднина во оваа кариера.
  • Не заработувам доволно пари.

Трет чекор

  • Сега обидете се да ги претворите овие мисли во попозитивна верзија, фокусирајќи се на добрите нешта кои произлегуваат од нив. На пример:
  • Јас сум многу благодарен/благодарна што имам работа и сигурен/сигурна сум дека ќе најдам подобра во блиска иднина.
  • Јас сум многу благодарен/благодарна за мојата сегашна работна позиција и секојдневно се обидувам да бидам што подобар/подобра во неа.
  • Јас сум многу благодарен/благодарна затоа што имам доволно пари да ги платам трошоците и да заработам нешто плус за мене.

Можеби нема да почувствувате позитивни резултати во истиот момент кога ќе ја завршите оваа вежба, но со нејзиното повторување и доволно време вие ќе ги промените вашите мисли и ќе добиете многу пооптимистичен и позитивен поглед кон светот. На овој начин вие ќе создавате моќни мисли кои не само што ќе ве направат посреќни, туку и ќе ви помогнат полесно да напредувате во секоја област од вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар