Моќен појадок што може да го замени вежбањето во теретана
Одржувајте одлична форма со помош на здрава исхрана
Потребни состојки:
- 300 милилитри кефир
- 2 лажици овесни снегулки
- 1 лажица ленено семе
- 1 лажица какао во прав
- 5-7 суви сливи, без семки
- 100 милилитри зовриена вода
Начин на подготовка:
Појадокот се подготвува од вечерта за следниот ден. Прелијте ги сливите со зовриена вода, покријте ги со капак и оставете ги да отстојат 5-10 минути. За тоа време земете еден длабок сад, ставете ги во него овесните снегулки, лененото семе и какаото во прав, малку измешајте и додајте го и кефирот. Мешајте сè додека состојките не се соединат.
Вратете се повторно на потопените сливи и истурете ја водата, а нив или ситно исечкајте ги или направете ги како пире во блендер. Потоа додајте ги во другата смеса и добро измешајте. Целиот сад ставете го во фрижидер и оставете го да отстои преку ноќ. Следното утро вашиот здрав појадок ќе биде подготвен, а резултатите скоро инстантно видливи.