Модните дизајнери советуваат: 3 парчиња облека што секогаш треба да се купуваат во поголем број
Едно од златните правила на модните експерти и дизајнери е тоа дека одредени парчиња облека да се имаат во поголем број од вообичаениот што го носите. Но, зошто е тоа така? Иако сите ние ја сакаме и ја цениме елеганцијата, постојат неколку парчиња облека што треба да ја имаат удобноста како предност при нивното одбирање. Токму затоа и тие треба да се одберат во поголем број, а на наша среќа, на тој начин тие и изгледаат многу подобро! Погледнете за кои облеки станува збор…
1. Волнени џемпери
View this post on Instagram
Без оглед на тоа дали бирате плетен фустан или џемпер од волна, секогаш одберете барем еден број поголем од вашиот и брзо ќе ви стане јасно зошто – на овој начин тие изгледаат шик и модерно, а истовремено се и поудобни и потопли за носење.
2. Кошули
View this post on Instagram
Правилото што секогаш треба да го запомните при купувањето кошули е да земете еден број поголема, а не еден број помала кошула за вас. Белите проѕирни кошули изгледаат многу поелегантно кога не се припиени за телото.
3. Маички со кратки ракави
View this post on Instagram
Не е лоша идеја да имате и тесни маички со кратки ракави, но ако сакате да оставите впечаток и да ги свртите сите погледи кон вас, тогаш носете ги оние што се еден, па дури и два броја поголеми од вашиот број. Дури и ако одберете маичка од вашето момче, нема да згрешите со изборот!
Црната боја излегува од мода? Погледнете кои бои ги освојуваат трендовите во новата година.