Модни совети: Како да ги комбинирате кожните парчиња облека оваа пролет?

Модни совети: Како да ги комбинирате кожните парчиња облека оваа пролет?

Секоја година, периодот од крајот на зимата до раната пролет е најдобар за конечно да направите големо средување во вашиот гардеробер и да ја замените облеката од дебел материјал за онаа вистинската пролетна, од провидни тенки материјали и весели бои. Меѓутоа, еден посебен материјал се издвојува во текот на сите сезони, а тоа е дефинитивно кожата. Секое дневно парче од кожа може добро да се искористи и да се носи во текот на зимата и раната пролет. Затоа секоја облека која сте ја носеле досега од кожа, немојте да ја пакувате за „зимски сон“, бидејќи одлично ќе ви послужи за комбинирање со облеката од пролетни тенки материјали.

1-modni-soveti-kako-da-gi-kombinirate-kozhnite-parchinja-obleka-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

Кожните парчиња секогаш добро доаѓаат во оние пролетни денови кога температурата се намалува, па така кожната јакна само ќе ја префрлите врз белата, памучна блуза и ќе добиете нешто модерно и корисно. Оваа комбинација е секогаш во тренд, а кожата плус како материјал и грее. Па, каде ќе пронајдете нешто подобро од тоа да ги носите кожните парчиња и во текот на пролетта?

2-modni-soveti-kako-da-gi-kombinirate-kozhnite-parchinja-obleka-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

Еве неколку примери како да ги комбинирате:

Добрата кожна јакна е една од главните парчиња во гардероберот на секоја жена, бидејќи нејзината употреба е повеќе од значајна за секоја ваша модна комбинација. Во пролет комбинирајте ја со тенки материјали и тренди облека како што се пантолоните со кратки и широки ногавици. Бидејќи кожната јакна и овој модел на пантолони се доволно ефективни парчиња облека, посакувано е да облечете некоја секојдневна блуза, а обувките секогаш можат да бидат впечатливи.

3--modni-soveti-kako-da-gi-kombinirate-kozhnite-parchinja-obleka-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

Кожната јакна навистина може да се носи буквално со сè, па затоа не мислете се дали да ја облечете со фустан од чипка, ниту пак со долг летен фустан од провиден материјал. Оваа комбинација е еднакво совршена исто како да ја споите кожната јакна со обични фармерки. Уште поинтересно е доколку фустанот е од разлетан материјали со интересни дизајни. Со ова комбинација можете да облечете балетанки или пак, плитки патики.

4-modni-soveti-kako-da-gi-kombinirate-kozhnite-parchinja-obleka-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

Доколку сте практикувале кожниот шорц да го носите исклучиво во зима со дебели хулахопки, сега е вистинско време да пробате нешто ново и интересно, а тоа е кожниот шорц да го облечете на гола нога и со блуза. Овој модел слободно можете да го носите и во пролет, бидејќи без оглед на тоа што ја сметате кожата повеќе како зимски материјал, тоа не е правило и тој одлично се комбинира со останатите пролетни аутфити. Во зависност од тоа што повеќе сакате, можете да изберете и рамни обувки, балетанки или уште подобро кратки чизми до зглоб кој ќе дадат додатен шик на вашиот изглед.

5-modni-soveti-kako-da-gi-kombinirate-kozhnite-parchinja-obleka-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

Блузата од кожа може да ви звучи претерано и мислите дека во неа би ви било претопло во пролетните денови, но кога ќе погледнете како фантастично изгледа овој модел, можеби ќе треба да размислите двапати. Со оглед на тоа дека е без ракави, оваа блуза е многу пријатна за носење во секојдневните прилики, а и материјалот од кожа сам по себе е природен, па така ова може да биде само добитна комбинација.

6-modni-soveti-kako-da-gi-kombinirate-kozhnite-parchinja-obleka-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

Доколку не сте љубител на дневните парчиња од кожа, тогаш размислете да облечете сако кое е украсено со детали од овој материјал. Така ќе го споите модерното со она што ѝ пријае на вашата кожа. Овие модели секогаш привлекуваат внимание, па набавете едно за вас во најбрзо време.

7-modni-soveti-kako-da-gi-kombinirate-kozhnite-parchinja-obleka-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

Особено интересно станува кога избирате да носите парчиња од кожа во боја. Овие парчиња се идеални за во пролет, бидејќи силните и весели бои ве радуваат и даваат занимлива нота на вашиот изглед. Без разлика дали е кожна јакна во портокалова боја или сина, кожна чанта, сè доаѓа во обѕир и бидете сигурни дека тоа е вистинскиот избор за вас.

8-modni-soveti-kako-da-gi-kombinirate-kozhnite-parchinja-obleka-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар