Модни лекции кои ги научивме од принцезите на Дизни
Една од главните асоцијации на детството кај повеќето од нас се цртаните филмови од Дизни. И додека размислувате како тие беа вистински цртани филмови, а не овие денешните, сфаќате дека не само што нè научија на вистинските животни вредности, туку ни пружија и многу лекции кои се однесуваат на нашето омилено хоби – модата. Не верувате? Па, сетете се само на преубавите тоалети кои ги носеа принцезите од светот на Дизни. А освен тоа, овде има и неколку трикови на кои можеби не сте обрнале внимание – сè до денес.
1. Понекогаш обувките едноставно не вредат!
Да, ние девојките обожаваме чевли и во состојба сме да купуваме додека нè држат нозе! Но, понекогаш тие не се вредни за фрлените пари, а уште помалку за болките во стапалата. Па, залудно е кога некој пар штикли ни се убави и совршени кога после носењето на истите завршуваме со рани. Огледајте се на Пепелашка и заборавете на чевлите кои се непрактични и неудобни.
2. Кога сте во тесно, импровизирајте!
За жал, нема да можеме секогаш да си го допуштиме фустанот кој го посакуваме, ниту кое било друго парче облека, но кој вели дека не можеме да импровизираме и да пронајдеме алтернатива? Особено ако е во прашање некој тренд. Не мора да го следиме во целост, туку најважно е да го прилагодиме на нашиот вкус и стил. Да живее креативноста!
3. Секогаш избирајте удобна гардероба, исто како да треба да спиете во неа!
Па, барем за Снежана тоа не е проблем. Шега на страна, секако дека ние нема да спиеме во облеката која ја носиме, но поентата е во тоа што во неа треба да се чувствуваме удобно, без ништо да нè стега или попречува. Залепените фармерки се кул, но доколку во нив не можете да дишете, тогаш зошто би сакале да ги носите?
4. Мини здолништата се слатки, но оние подолгите се отмени!
Дали сте виделе некоја Дизни принцеза да носи мини здолниште? Па, секако дека не, затоа што те се принцези! И навистина, понекогаш комбинациите се многу поефективни и помодерни со долго здолниште. Никогаш не заборавајте го тоа.
5. Украсите за коса ја прават вашата фризура совршена!
Кога не знаеме што да правиме со нашата коса, обично ја врзуваме во опавче или пунџа, или пак, правиме некоја наједноставна фризура и тоа е сосема во ред. Но, можеме да ја направиме многу поубава, поатрактивна и позабавна ако ја надополниме со некој интересен детаљ. Многу подобра опција, се согласувате?
6. Слободно покажете ги рамената!
Бидете женствени и грациозни со помош на голите рамена! Без оглед на тоа дали ќе изберете таков модел на фустан или блуза, малку гола кожа може да изгледа многу заводливо. Покрај тоа, сега во мода се повторно блузите и маиците без рамена, па брзо упатете се во најблискиот бутик по вашето ново омилено парче облека.
7. Што поголеми обетки – толку подобро!
Аксесоарите се тие што ја збогатуваат секоја наша комбинација, а кога не сте сигурни за кои да се одлучите – тогаш тоа нека бидат впечатливи обетки. Со подигната коса ќе бидат вистинскиот избор!