Модни комбинации во кои ќе изгледате прекрасно на летните фестивали

Модни комбинации во кои ќе изгледате прекрасно на летните фестивали

Дојде сезоната на летните фестивали и концерти, а изборот на вистинската модна комбинација за на еден ваков настан е мал предизвик. Кога станува збор за концерти, знаеме дека најверојатно цела вечер ќе бидеме на нозе. Па затоа е многу важно да носиме удобна облека, која истовремено ќе изгледа модерно.

Модни комбинации во кои ќе изгледате прекрасно на летните фестивали

Кратките летни комбинезони се идеален избор за на концерти, затоа што ја дефинираат линијата, а моментално се вистински моден тренд. Ова парче нуди удобност, а материјалот е лесен и ѝ дозволува на кожата да дише. Со комбинезонот можете да искомбинирате темни очила, накит и торба со интересен дезен. Што се однесува до чевлите, можете да облечете чизмички до глужд. Покрај тоа што се удобни, истовремено тие ги заштитат вашите нозе од можни повреди во гужвата.

Модни комбинации во кои ќе изгледате прекрасно на летните фестивали

Исто така, и подолгите комбинезони се супер избор за на летен фестивал. Нозете ви се покриени, но нема да ви биде топло поради лесниот материјал. Од додатоци, одберете шешир кој ќе ја дополни комбинацијата, а истовремено ќе ве заштити од сончевите зрачења. Ако сакате да бидете забележени, изберете комбинезон со интересен принт или со појаки бои.

Модни комбинации во кои ќе изгледате прекрасно на летните фестивали

Кога некој ќе ви спомне практичност, веројатно прво помислувате на фармерки. Одберете го својот омилен пар фармерки и искомбинирајте ги со едноставна маичка. Патиките се идеални за секоја прилика, особено доколку треба да играте со часови на вашите омилени песни.

Модни комбинации во кои ќе изгледате прекрасно на летните фестивали

Кожните панталони и лесното пончо се комбинација на бохо и рок стил, а совршено се вклопуваат со фестивалската атмосфера. Ако фестивалот се одржува за време на вечерните часови, температурите стануваат малку пониски. Тогаш ќе бидете многу среќни бидејќи сте го понеле пончото со себе.

Модни комбинации во кои ќе изгледате прекрасно на летните фестивали

Не можете да згрешите доколку изберете едноставен летен фустан. Тој е одличен за на фестивали – со него можете да се движите, да изгледате опуштено и да ви биде удобно. Долу облечете патики, а во мало ранче понесете сѐ што можеби ќе ви биде потребно за време на фестивалот.

Модни комбинации во кои ќе изгледате прекрасно на летните фестивали

Макси здолништата се, исто така, супер модерен избор. Макси здолништето со интересен дезен искомбинирајте го со еднобојна маица без ракави. Можеби ќе посакате да облечете нешто пократко, но запомнете дека долгото здолниште ќе ве заштити од штетното сончево зрачење.

Модни комбинации во кои ќе изгледате прекрасно на летните фестивали

Сакате удобност? Еве и неколку модни комбинации за лето во патики.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар