Модни грешки кои познатите трендсетерки никогаш не ги прават

Модни грешки кои познатите трендсетерки никогаш не ги прават

Не се вели залудно „од грешките се учи“, а доколку станува збор за модни грешки, тогаш оваа поговорка важи дупло. Затоа не е чудно што многу познати трендсетерки, кои на почетокот од нивната кариера имаа некои помали и поголеми грешки, со текот на времето ги научија најважните модни лекции, па денес нема шанси да ги видите како ги прават овие модни утки.

1-modni-greshki-koi-poznatite-trendeterki-nikogash-ne-gi-pravat-www.kafepauza.mk_

1. Не носат впечатливи чанти

Никогаш нема да ја видите актерката Сиена Милер како носи иста боја на чанта како бојата на нејзината облека. Таа се одлучува за впечатлив модел, а особено во некоја комплементарна боја.

2-modni-greshki-koi-poznatite-trendeterki-nikogash-ne-gi-pravat-www.kafepauza.mk_

2. Излегуваат од дома без аксесоари

Вистинските аксесоари на најдобар можен начин може да ја надополнат секоја дневна комбинација. Па така, нема никогаш да ја видите Роузи Хантингтон-Вајтли како излегува од домот без ниту еден стилски моден детаљ на себe.

3-modni-greshki-koi-poznatite-trendeterki-nikogash-ne-gi-pravat-www.kafepauza.mk_

3. Не носат прикладна долна облека

За облеката која сте ја одбрале да изгледа совршено, мора да водите сметка за тоа каков вид долна облека ќе изберете, бидејќи од неа зависи каков впечаток ќе оставите. Емили Ратајковски тоа го знае најдобро и никогаш не греши во тоа.

4-modni-greshki-koi-poznatite-trendeterki-nikogash-ne-gi-pravat-www.kafepauza.mk_

4. Покажуваат премногу или премалку кожа

Во сè треба да се биде умерен, а правилото вели дека никогаш не треба да откривате ниту да прекривате премногу. Затоа Алекса Чанг секогаш наоѓа компромис во своето облекување, па мини здолништето го носи во комбинација со затворена кошула.

5-modni-greshki-koi-poznatite-trendeterki-nikogash-ne-gi-pravat-www.kafepauza.mk_

5. Претеруваат со деталите

Едно од најважните модни правила гласи „помалку е секогаш повеќе“, па затоа Кери Вашингтон за фустанот со впечатлив принт избира класични црни чевли и чанта со впечатливи, но никако нападни бои.

6-modni-greshki-koi-poznatite-trendeterki-nikogash-ne-gi-pravat-www.kafepauza.mk_

6. Носат исклучиво ретро детали

За да изгледате денес кул кога носите ретро дневни комбинации или детали, неопходно е да ги комбинирате со детали или дневни парчиња кои се во тренд. Експертот кој тоа го спроведува на дело е токму британската манекенка Кара Делавињ.

7-modni-greshki-koi-poznatite-trendeterki-nikogash-ne-gi-pravat-www.kafepauza.mk_

7. Носат претесна облека

Секоја жена која има стил знае дека, за да изгледа совршено, мора да носи гардероба чиј крој потполно ѝ одговара. Затоа популарната холивудска актерка и оскаровка Риз Витерспун никогаш нема да ја видите во дневни комбинации кои потполно не ѝ одговараат.

8-modni-greshki-koi-poznatite-trendeterki-nikogash-ne-gi-pravat-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар