Модни факти кои не сте ги знаеле
Модната индустрија е машинерија која отсекогаш работела со полна пареа. Она што го носиме денес, сигурно не е измислено во 21-от век. Погледнете неколку модни факти кои се интересни и забавни.
Сите сме виделе копчиња на ракавите од јакните, но малку од нас знаат дека тоа е идеја на Наполен Бонапарта. Во времето кога тој владеел, на своите кројачи им нарачал да сошијат копчиња на ракавите, со цел да не им се одвлече вниманието на војниците ако нивните ракави „летаат“ на сите страни.Денес, модата за децата е еднакво важна како и модата за мажите и жените. Но, дали знаевте дека трендот децата да бидат убаво и модерно облечени се развил пред 200 години? Пред тоа децата морале да носат помали примероци од машките и женските дизајни.Сѐ до 19-от век немало манекенки, па дизајнерите своите креации ги изложувале на мали кукли. Тоа всушност било добра идеја, бидејќи така тие не трошеле пари на манекенки, модни шоуа, а за да се презентира еден модел било потребно малку материјал.Во времето на рускиот цар Петар во Русија, се плаќало данок за израсната брада. За разлика од тогаш, денес брадата се смета за дел од личниот стил и начин на живот.Модерната танга за прв пат била дизајнирана во Њујорк, по нарачка на градоначалникот Fiorello Henry La Guardia. Градоначалникот се изненадил кога видел дека танчерките танцуваат без долна облека, па така нарачал да се сошијат мали гаќички со кои ќе се покрие голотијата.Во 1850 година, 70% од луѓето шиеле облека која самите ја носеле. Модата не била важна, но удобноста била клучна. Денес, модата е исклучително важна, а рачно изработените материјали се најценети на пазарот и нивната сума е висока заради ексклузивитетот кој го имаат.Модерната жена не може да живее без накит. Но, треба да се знае дека мажите се тие кои први почнале да носат накит, со цел да го истакнат нивниот социјален статус во општеството.Денес, природните веѓи се во мода, но за време на ренесансата жените ги бричеле веѓите. Пример за тоа е Мона Лиза.
monaliza imala vegi no so tekot na vremeto bojata so koi bile iscrtani vegite izblednela…
Долги години истражувачите верувале дека за тоа време било вообичаено жените да ги отстрануваат веѓите кои се доживувале како неуредност. Во 2007 година, Pascal Cotte го истражувал отсуството на веѓи и трепки кај Мона Лиза правејќи високо-квалитетни скенирани верзии од сликата, на кои открил траги од насликани трепки и веѓи, за кои вели дека низ годините постепено исчезнале како резултат на чистење. Како и да е, ова е неговото тврдење, но и понатаму не е факт.