Модни додатоци за сезоната пролет/лето 2020 година
Оваа сезона, дизајнерите посветија многу внимание на додатоците. Врз основа на тоа што беше прикажано на лондонската модна недела и на уличната мода, овие модни додатоци дефинитивно ќе ја обележат пролетта.
1. Бисерниот накит ќе биде омилениот моден додаток
View this post on Instagram
Без разлика дали тоа ќе бидат обетки, ѓердани или белезици, бисерниот накит е задолжителен за следната сезона.
2. Капите не излегуваат од мода
View this post on Instagram
Капите никогаш не излегуваат од мода, единствено што се менува е моделот. Одговорност на секоја модерна жена е да набави еден ваков модел.
3. Ѓерданите од 90-тите години се враќаат во мода
View this post on Instagram
На крајот на 2019 година, Шанел повторно го претстави ременот ланец кој се носи околу струкот. Во 1990-тите, овој моден додаток беше исклучително популарен, а овој тренд сега се прошири и на накитот и се очекува дека ќе биде еден од најбараните додатоци во следната сезоната.
4. Малите чанти имаат предност во однос на големите
View this post on Instagram
Преголемите чанти беа во мода неколку сезони. Сега, иако во мода се враќаат чантите со нормална големина, многу популарни ќе бидат и малите чанти. Оние во коишто можете да ги ставите само мобилниот телефон и карминот.
5. Широко венче
View this post on Instagram
Венчето е парче што претрпе најмногу промени. Од многу тенко до овој поширок модел на модниот бренд Прада, жените ги обожаваат сите модели. Широките модели ќе ги гледаме во текот на целата сезона.
6. Панделка за коса
View this post on Instagram
Оние што не сакаат венче, секогаш можат да ја украсат косата со панделка. Таа отсекогаш била добар детаљ и еден од највпечатливите додатоци. Оваа сезона, трендсетерките сакаат големи, впечатливи панделки. Двојната црна паднелка од свила или сатен е одличен избор дури и за постарите жени. Панделката ќе го трансформира целиот изглед на елегатното коњско опавче или на пунџата.
Погледнете кои неонски бои што ќе бидат во мода во 2020 година.