Модна инспирација: Разиграни и секси едноделни костими за капење
Ако редовно ги следите модните трендови, тогаш сигурно знаете дека едноделните костими за капење оваа година се тотален хит на модните писти. Дизајнерите ги преплавија бутиците со овој „скромен“ летен стил, но тоа сепак не помогна да се спуштат бикините од своето цврсто прво место. Зошто се случува ова? Бидејќи постои погрешно сфаќање дека овој модел го одбираат само оние девојки кои се професионални пливачи, кои чувствуваат одбивност кон сонцето или пак не се сигурни за изгледот на своето тело. Но, време е да го надминеме овој мит и да ви покажеме дека и едноделните костими за капење можат да бидат разиграни и секси. Погледнете…