Модна инспирација од „Малата сирена“ Ариел
И покрај тоа што можеби на прв поглед ќе ви изгледа малку необично, сепак можно е да направите модна комбинација според некој лик од анимиран филм од Дизни и притоа облеката да биде соодветна на вашите години. На сите нам ни е многу добро позната приказната за малата сирена и како еден од најпознатите цртани филмови од детството – ретко кој заборавил како таа изгледа. Погледнете ги наредниве неколку предлози кои се инспирирани од стилот на Ариел…
Под морето
Првата комбинација е инспирирана од Ариел како сирена. Виолетовиот костим за капење е многу сличен со нејзиниот топ од школки, а зелените шорцеви се во иста боја како нејзината перка. Алката со школки и обувките со морска ѕвезда дополнително придонесуваат за создавање атмосфера како во нејзиниот дом – под морето. Оваа модна комбинација е совршена доколку одлучите да одите на плажа или на базен.
Вечера со принцот
На првата вечера со принцот Ерик, Ариел носи интересен розов фустан кој потсетува на балските фустани од минатото. Но, за состанок во денешно време потребна ви е мала промена – во овој случај краток розов фустан и одлични женствени модни додатоци се совршениот избор. Обетките во форма на виљушка и нож потсетуваат на малиот „инцидент“ кога таа мислеше дека виљушката се употребува за чешлање на косата. Оваа модна комбинација е совршена за вечерен состанок со вашето момче, во дискотека или пак на кафе.
Бакни ја девојката
За прошетка низ градот со Ерик, Ариел носи посекојдневен син фустан. За оваа комбинација одлично одговараат топ-корсет, темно сино здолниште и небесно сино палто. Лентата за коса со машна и обетките во форма на ракчиња исто така одлично ја дополнуваат оваа модна комбинација која е совршена за секојдневна дневна прошетка со вашето момче.
Малата сирена
И покрај тоа што Ариел одбира да живее како човек, голем број од луѓето ја помнат како сирена. Таа не менува многу облеки во филмот, но сепак можете многу да се инспирирате според нејзиниот изглед како сирена кога ќе одите на базен или на плажа. Еве уште една комбинација која со помош на зелената и виолетовата боја целосно потсетува на нејзиниот стил и е совршена за „женска вечер“ со вашите пријателки.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.