Модна инспирација: 5 начини на кои можете да носите молив здолниште

Модна инспирација: 5 начини на кои можете да носите молив здолниште

Постои едно парче облека кое може да нè спаси во последен момент. А тоа парче облека кое ние девојките апсолутно го обожаваме е молив здолништето. Најпрво, тоа е здолниште! А ретко која девојка не го сака ова парче облека. Како второ, тоа има совршен дизајн што одлично ја истакнува нашата фигура, а истовремено е погодно за сите стилови и прилики. Неговото купување е навистина рационално, а инвестицијата во него е супер паметна. Дали веќе го купивте вашето совршено молив здолниште? Доколку вашиот одговор е не, тогаш ви предложуваме да побрзате, а еве и неколку предлози во кои комбинации ова парче облека изгледа најдобро.

1-modna-inspiracija-5-nachini-na-koi-mozhete-da-go-nosite-moliv-zdolnishteto-www.kafepauza.mk_

1. Бизнис комбинација

За жал, околу 80% од нашето време го поминуваме на работното место, но за среќа, тоа не е причина да се откажеме од тренди модните комбинации. Па така, молив здолништето лесно ќе можете да го понесете во вашите работни комбинации, заедно со тренди чевли со потпетица и елегантна, женствена кошула или сако. Ако додадете и впечатлив накит, тогаш вашиот бизнис изглед не само што ќе изгледа професионално, туку ќе биде и доста модерен.

2-modna-inspiracija-5-nachini-na-koi-mozhete-da-go-nosite-moliv-zdolnishteto-www.kafepauza.mk_

2. Спортска девојка

Молив здолништето може да изгледа доста добро и со контрастни парчиња облека како што се на пример спортските дуксери. Здолништето е припиено, а дуксерот е широк, па добивате совршен и помалку неочекуван спој кој во комбинација со штикли и малку шминка овозможува тренди изглед со доза лежерност и удобност. Значи, две во едно!

3-modna-inspiracija-5-nachini-na-koi-mozhete-da-go-nosite-moliv-zdolnishteto-www.kafepauza.mk_

3. Класично и елегантно

Секако, овој модел најдобро одговара во класичните, елегантни комбинации. Со други зборови, кога тој се наоѓа на својот терен. Одберете интересен модел на здолниште и комбинирајте го со отмена блуза, елегантни салонки и незаменлив црвен кармин. Дамски и со стил!

4-modna-inspiracija-5-nachini-na-koi-mozhete-da-go-nosite-moliv-zdolnishteto-www.kafepauza.mk_

4. Едноставно и тренди

Понекогаш едноставните модни комбинации се најдобрите комбинации. Затоа ви предложуваме заедно со вашето молив здолниште да облечете едноставна бела кошула и дефинитивно ќе важите за девојка со стил. Докажано е дека со некои комбинации никогаш нема грешка, без разлика која и да е прилика во прашање. Сепак, доколку сакате да изгледате модерно, стилизирано и никако обично, тогаш вашето здолниште нека биде впечатливо – изберете некоја силна боја и направете ги тмурните есенски денови повесели и поубави.

5-modna-inspiracija-5-nachini-na-koi-mozhete-da-go-nosite-moliv-zdolnishteto-www.kafepauza.mk_

5. Секси и модерно

Една од главните асоцијации на молив здолништето е секако секси изгледот. Односно, искористете го вашето омилено парче облека токму на ваков, секси начин. Комбинирајте го со краток топ со некој необичен крој и на целиот изглед додајте високи потпетици и вечерна шминка. Оваа комбинација е совршена за вечерно излегување и сјајна забава!

6-modna-inspiracija-5-nachini-na-koi-mozhete-da-go-nosite-moliv-zdolnishteto-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар