Модерно, тренди и моќно: 5 начини да го носите градникот со чипка како голема девојка
Две работи се посебно женствени, женската долна облека и чипката. А кога овие две работи ќе се спојат во една, тогаш се создава тренди парче облека, кое никогаш досега не било толку популарно, но и видливо. Само погледнете околу себе, на секоја втора девојка ќе забележите парче чипка што предизвикувачки и помалку безобразно се наѕира под блузата, кошулата или фустанот, а кое покажува дека таа не само што ја следи модата, туку и дека е самоуверена и дека лесно се справува со машкото внимание. Да, таа е голема девојка и ги обожава градниците со чипка! А, како можете да ги носите и вие и да изгледате исто како неа?
1. Градник со чипка под нешто проѕирно
Ако сте доволно смели да ја покажете вашата фигура, тогаш градникот со чипка под некоја проѕирна блуза или кошула ќе биде вистински погодок! Кога станува збор за овие варијанти, најдобро е да изберете црна чипка и црн проѕирен материјал, бидејќи така ќе изгледате најдобро и најмодерно, но со мерка и вкус. Секако, доколку сакате нешто повпечатливо, слободно поиграјте си со боите.
2. Градник со чипка под маицата или блузата со „V“ израз
Подлабокото деколте, на наједноставна маица или блуза, создава одлична прилика за малку забава во вид на секси градник со чипка. Во овој случај контрастот на бои е неопходен, исто како и интересните детали на градникот кои ќе се наѕираат под облеката. Ако сакате уште подобар ефект, својот изглед надополнете го со интересно ланче.
3. Градник со чипка во комбинација со блуза или фустан со гол грб
Пред малку спомнатата забава во вид на заводлив детаљ од чипка можете да ја приредите и на вашиот грб. Иако парчињата облека без грб најчесто не се носат на тој начин каде што градникот ќе се гледа одзади, во случајот со чипка важат поразлични правила. Затоа, слободно покажете што имате! Сигурни сме дека ќе ве следат многу завидливи погледи.
4. Градник со чипка во комбинација со кое било парче облека на закопчување
Со кошули, џемпери, кардигани… Закопчајте ги до половина, а останатото внимание нека го заземе градникот со чипка што се наоѓа под него. Секако, во поголемиот дел од случаите вашиот градник навистина траба да потсетува на топ маица и не смее да биде премногу минијатурен и проѕирен, особено ако станува збор за вакви комбинации. Сепак треба да имате мерка, зар не?
5. Градник со чипка и сако
Градникот со чипка во вид на топ, сако и панталони со висок струк – тренди модната комбинација е родена. Ова е толку ефективна и толку секси комбинација која е совршена за излегување што со сигурност ќе бидете главната ѕвезда на вечерта!
Дознајте нешто повеќе за бралет, чипканата долна облека што можете гордо да ја покажете!