Модерни хеланки кои одлично можете да ги комбинирате со вашата облека
Покажувањето на нозете е еден вид уметност, комбинација од мода и вештина за заведување, која ги привлекува и машките и женските погледи. Есента и пролетта се идеални за носење хеланки, кои и оваа сезона се апсолутен хит.
Хеланките се едно од омилените парчиња облека на жените, бидејќи се погодни за носење за секаква прилика. Во зависност од дезенот, бојата и материјалот од кој се сошиени, тие се одличен избор за на пилатес, но и за вечерно излегување и за разни свечености. Еднобојни, шарени, во пруги, цветни, кожни, златни или со метален сјај, хеланки во денешно време има за сечиј вкус. Погледнете кои модели се апсолутен хит за оваа есен.