Моден водич за урбани момци: Машки парчиња облека што девојките ги обожаваат
За вистинските џентлемени важи правилото: Кога вашиот стил зборува сам за себе, нема да морате да изустите ниту збор. Точно е тоа дека луѓето не треба да се судат според изгледот, но факт е дека добро облечен маж може да го освои срцето на секоја жена, или барем да остави добар впечаток. Меѓутоа, сите знаеме дека девојките важат за пребирливи суштества, па така тие имаат свои омилени парчиња облека кои особено ги обожаваат кај момците. Момци, дознајте кои се тие и уште веднаш надополнете го вашиот изглед со нив за да ги привлечете сите женски погледи каде и да отидете…
Добар пар чевли
Добриот пар чевли е еден од најважните елементи на која било модна комбинација. Чевлите можат да откријат многу работи за еден човек. Секоја девојка знае дека чевлите треба да бидат чисти и да одговараат на бојата на панталоните, или да бидат нијанса потемни. Токму затоа дамите многу често обрнуваат внимание на овој дел од машката гардероба.
Памучни маици без јака
Овој тип маици никогаш не излегуваат од мода. Станува збор за најомиленото парче облека на сите холивудски ѕвезди и познати спортисти. Жените не можат да одолеат на овие маици без јака со копчиња напред.
Бела маица и фармерки
Нема шанси да погрешите со оваа безвременска комбинација. Момците во бела маица и фармерки изгледаат помажествено и многу попривлечно.
Џемпери со V отвор
Девојките ги обожаваат момците кои носат џемпери со V отвор. Овие џемпери оставаат впечаток на човек со добри манири, кој знае како да се грижи за себе.
Подвиткани ракави и вратоврска
Оваа комбинација е одличен избор затоа што истовремено дава впечаток на формален, но и опуштен човек. Подвитканите ракави и вратоврската се вистински магнет за жени, бидејќи како да велат: „Јас сум зафатен човек, но работата не е единствената преокупација во мојот живот“.
Одело скроено по мерка
Станува збор за класичен изглед што никогаш нема да излезе од мода. Кога кројот одговара совршено на машкото тело, остава одличен впечаток. Секој може да изгледа привлечно во добро скроено одело. Можете да се обложите дека маж во одело скроено по мерка е сонот на секоја жена.
Интересни модни додатоци
Кожните нараквици и нивните исплетени варијанти се многу популарни оваа сезона. Тие на машкиот изглед можат да му дадат романтична нота. Токму тоа девојките го сметаат за неверојатно привлечно. Секоја девојка сака да биде со романтичар.
Шапки
Кога сме кај модните додатоци, вистинскиот избор на шапка, било да се работи за шешир или обично капче, може целосно да го трансформира изгледот на мажот и да го издвои од толпата. Одберете ја шапката што најмногу ќе ви одговара и подгответе се да влезете во центарот на вниманието на сите девојки.
Негуван изглед
Момците може да носат брендирана облека или интересни модни додатоци, но доколку не изгледаат уредно и чисто, тешко дека ќе остават добар впечаток. Нема да погрешите со негуваниот изглед ако сакате да им се допаднете на девојките.