Моден водич: Како соодветно да ја комбинирате облеката ако сте висока девојка?

Моден водич: Како соодветно да ја комбинирате облеката ако сте висока девојка?

Доколку сте ја имале таа среќа (или несреќа, за кого како) да бидете висока девојка, тогаш многу добро знаете дека облекувањето за вас претставува вистинско задоволство, но понекогаш и вистинско мачење. Меѓутоа, не треба да очајувате. Искористете ја предноста на својата висина, бидејќи повеќето дневни парчиња ќе ви прилегаат одлично, а во зависност од тоа дали имате градба како манекенка или со облини, вие може да избирате различни дизајни. Ние денес ќе ви откриеме кои од нив најмногу ќе одговараат на вашата градба на тело.

1-vodich-na-oblekuvanje-za-visokite-devojki-kako-da-ja-kombinirash-oblekata-ako-si-edna-od-niv-www.kafepauza.mk_

Пред сè, доколку сакате да се облечете во склад со својата висина, никако не дозволувајте си да се „криете“ под слоевита облека. Многу е важно да бидете свесни за својата градба, т.е. во складност со неа да ги истакнете своите квалитети, а да ги прикриете недостатоците. Клучот за облекување на високите жени е да се држат до монохроматската гардероба, која ќе ги направи уште повитки, но и да не забораваат на здолништата со А-крој или В-израз, кои визуелно ќе ги намалат нивните широки колкови.

2-vodich-na-oblekuvanje-za-visokite-devojki-kako-da-ja-kombinirash-oblekata-ako-si-edna-od-niv-www.kafepauza.mk_

3-vodich-na-oblekuvanje-za-visokite-devojki-kako-da-ja-kombinirash-oblekata-ako-si-edna-od-niv-www.kafepauza.mk_

Кога станува збор за обувките, кој вели дека високите девојки мора да носат само балетанки? Затоа не двоумете се да облечете високи потпетици и тоа што повисоки, толку подобро. Така додатно ќе ја истакнете вашата фигура, но и ќе направите да изгледате уште повеќе заводливи, сексапилни и предизвикувачки. Освен во обувките со високи потпетици, вложувајте и во големите модни додатоци, без разлика дали станува збор за чанти, нараквици или ѓердани. Но, не претерувајте со нив! Подобро одлучете се за едно, но ефективно парче, отколку за повеќе со кои ќе изгледате премногу нападно.

4-vodich-na-oblekuvanje-za-visokite-devojki-kako-da-ja-kombinirash-oblekata-ako-si-edna-od-niv-www.kafepauza.mk_ 5-vodich-na-oblekuvanje-za-visokite-devojki-kako-da-ja-kombinirash-oblekata-ako-si-edna-od-niv-www.kafepauza.mk_

Обрнете внимание и на кројот. Со оглед на тоа дека имате долги нозе, за вас панталоните со широки ногавици би требало да ви станат број 1, додека од друга страна, треба да вложите и во тесните топ маички, кои ќе го нагласат вашиот струк. Исто така, можете да комбинирате и тесни фармерки со преголем џемпер или со некое друго големо парче, бидејќи на тој начин на својот изглед ќе му дадете вистински печат.

6-vodich-na-oblekuvanje-za-visokite-devojki-kako-da-ja-kombinirash-oblekata-ako-si-edna-od-niv-www.kafepauza.mk_ 7-vodich-na-oblekuvanje-za-visokite-devojki-kako-da-ja-kombinirash-oblekata-ako-si-edna-od-niv-www.kafepauza.mk_

Со оглед на тоа дека имате витка фигура, не колебајте се да покажете и малку кожа. Играјте си со изразите и стиловите, бидете смели и истакнете ја својата женственост на вистински начин. Тоа можете да го направите со преубавите комбинезони со гол грб, во кои ќе изгледате грациозно и сензуално.

8-vodich-na-oblekuvanje-za-visokite-devojki-kako-da-ja-kombinirash-oblekata-ako-si-edna-od-niv-www.kafepauza.mk_ 9-vodich-na-oblekuvanje-za-visokite-devojki-kako-da-ja-kombinirash-oblekata-ako-si-edna-od-niv-www.kafepauza.mk_

Одличен избор за вас може да бидат и макси фустаните и макси здолништата, а ако сте многу високи, слободно можете да облечете фустани и здолништа кои ви достигнуваат под колената, бидејќи во нив ќе изгледате неверојатно секси.

10-vodich-na-oblekuvanje-za-visokite-devojki-kako-da-ja-kombinirash-oblekata-ako-si-edna-od-niv-www.kafepauza.mk_ 11-vodich-na-oblekuvanje-za-visokite-devojki-kako-da-ja-kombinirash-oblekata-ako-si-edna-od-niv-www.kafepauza.mk_

Боите и принтовите се исто така ваш сојузник, но со нив не треба да носите премногу модни додатоци. Играјте си со боите и дизајните, но избирајте ги оние кои додатно ќе ја издолжат, а не сокријат вашата фигура. Уште еден добар совет е да облечете дневни парчиња во различни бои.

12-vodich-na-oblekuvanje-za-visokite-devojki-kako-da-ja-kombinirash-oblekata-ako-si-edna-od-niv-www.kafepauza.mk_ 13-vodich-na-oblekuvanje-za-visokite-devojki-kako-da-ja-kombinirash-oblekata-ako-si-edna-od-niv-www.kafepauza.mk_

И запомнете, вашата висина е вашиот најдобар моден додаток, па потпирајте се на она што ви стои добро, бидејќи тоа е најдобриот пат до вашиот совршен изглед.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар