Моден Викенд Скопје, есен/зима 2014: Спој на елеганција, гранџ и авангарда
Ирина Тошева
Во џунглата на животот, Ирина Тошева храбро ризикува. Темно зелените и неонско розовите со слатките принтови на зебри и крави се необични елементи кои се дел од овогодишната колекција на добро познатата Ирина Тошева. Носливоста на оваа колекција е истакната преку секојдневните материјали како сомотот, памукот и волната.
Олгица Ѓоргиева
Строгата текстура преплетена со материјали како твид и сомот во бебешко сина боја направи оваа колекција да биде доволно интересна и за гледање, но и за носење. Најкарактеристичен беше кроп топот од бели коцки кои се врзуваше на грбот со голема панделка. Исто така, Ѓоргиева меѓу најважните трендови за есента ни ги претставува темните есенски цветови во црно-бела и црвена боја. А, токите и монистрите ги прекриваа проѕирните кошули давајќи им доза умерена елеганција и истакнувајќи ја убавината на женското тело.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.