Моден Викенд Скопје, есен/зима 2014: Спој на елеганција, гранџ и авангарда
Vibrazioni – Александра Митковска
Александра Митковска преку оваа колекција ни ја потенцира убавината на нежната и тенка женска половина, притоа центарот на внимание ѝ припаѓаше токму неа. Големите очила со строги геометриски форми и замазнетите репчиња придонесуваа за сериозноста, а футуризмот и авангардниот изглед одлично ја надополнуваа целата атмосфера. Палетата на бои се движеше од ладните сребрени нијанси до топлите портокалови и жолти бои со малку розово.
Куфер – Андриана Динева
Слатката колекција на Андриана Динева успеа да ја восхити македонската публика. Раскошните материјали, дамскиот изглед инспириран од 60-тите години на минатиот век, сомотот и твидот одлично ги опишуваат есенските и зимските месеци. Манекенките беа суптилно нашминкани во нежни бежови и кафеави нијанси, а на нивните нозе имаа чизми над и до коленици.