Моден тренд: Оваа пролет размислувајте розово!

Моден тренд: Оваа пролет размислувајте розово!

Дури и птиците на гранките знаат дека пастелните бои ќе бидат вистински хит за оваа пролет. Токму оваа година, во текот на жешките денови, розовата боја ќе владее на модната сцена. Таа преовладува во понудата на популарните брендови, а некои пак се одлучиле да ѝ посветат цела колекција. Розовата боја оваа пролет ќе се наоѓа во сите нијанси, од нечисто розови, па сѐ до силна циклама. Исто така, нема ограничувања во однос на видови облека, чевли, шминка, лак за нокти, боја на коса…

0-moden-trend-ovaa-prolet-razmisluvajte-rozovo-www.kafepauza,mk_

Како да ја носите розовата боја оваа пролет?

1. Розовата и белата боја се прекрасна комбинација за оваа пролет.

2-moden-trend-ovaa-prolet-razmisluvajte-rozovo-www.kafepauza,mk_

2. Немојте да претерувате! Изберете само едно или две розови парчиња во својата комбинација, и тоа не во иста нијанса.

3-moden-trend-ovaa-prolet-razmisluvajte-rozovo-www.kafepauza,mk_

3. За да изгледате тренди ќе биде доволен само еден детаљ во розова боја. Но, исто така немојте ни да претерувате, па изберете каиш или чанта во розова боја.

4-moden-trend-ovaa-prolet-razmisluvajte-rozovo-www.kafepauza,mk_

4. Избирајте секојдневни парчиња облека во оваа боја, како што се хеланки или кратки панталони, кошула или блуза, сако, чевли или патики, а сето тоа зависи од вашиот моден стил и вкус.

5-moden-trend-ovaa-prolet-razmisluvajte-rozovo-www.kafepauza,mk_

5. Доволно ќе биде само да ги налакирате вашите нокти во розова боја или пак да бојадисате еден прамен од вашата коса во бледо розова боја.

6-moden-trend-ovaa-prolet-razmisluvajte-rozovo-www.kafepauza,mk_

6. Бледо розовата и праска боја се женствени нијанси кој секој може да ги вметне во својот стил.

7-moden-trend-ovaa-prolet-razmisluvajte-rozovo-www.kafepauza,mk_

7. Силните нијанси се совршени за жените кои се чувствуваат пријатно во својата кожа и кои го сакаат вниманието на минувачите од улицата. Ќе добиете повпечатлив ефект доколку ја комбинирате со други интересни бои, како на пример, портокалова, боја на нане, тиркизно сина, жолта…

8-moden-trend-ovaa-prolet-razmisluvajte-rozovo-www.kafepauza,mk_

8. Ако ви се допаѓа розовата боја, тоа значи дека можете да ја внесете во вашиот живот и надвор од облеката и шминката. Розовата ќе изгледа неодоливо и како неколку додатоци за вашата куќа или стан.

9-moden-trend-ovaa-prolet-razmisluvajte-rozovo-www.kafepauza,mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар