Моден тренд: Како да носите кроп топ?
Кроп топот со молскавична брзина се врати на модната сцена и си го зазеде своето место меѓу трендовите. Во разни бои, модели, кроеви и должини, кроп топот е еден од најпопуларните „ит“ парчиња оваа сезона. А, кога станува збор за ова иконско парче постојат многу дилеми и прашања. Одговорот на овие прашања се содржи подолу.
1. Висок струк
Ако не сакате да го покажете вашиот стомак, а сакате барем малку кожа, спојте го кроп топот со пантолони со висок струк. Ова ќе ви биде полн погодок.
2. Миди здолниште во весела боја
Волуменозно миди здолниште во интересна боја дефинитивно ќе го привлече вниманието.
3. Едноставно
Некои девојки повеќе сакаат едноставни кроп топови од потешки материјали со малку подолга должина.
4. Со ракави
Уште една варијација на кроп топот се долгите ракави кои прават баланс со должината.
5. Широк кроп топ
Кроп топовите не мора да бидат тесни за да бидат елегантни. Ако сакате да покажете кожа, а сепак да можете да дишете тогаш широкиот модел е одлична идеја за вас.
6. Импровизиран кроп топ
Ако сте отворени кон експериментирање или пак не ви се даваат пари за тренд кој за неколку сезони ќе избледи од модниот свет, тогаш земете ја омилената кошула/блуза и претворете ја во кроп топ така што ќе ја врзете/исечете.
7. Лажен кроп топ
Ако не сте доволно храбри за да го испробате трендот тогаш пробајте со лажен кроп топ. Тие според должината се кратки, а сепак не се доволно долги за да бидат маици. Не секогаш покажуваат кожа, само кога ќе ги кренете рацете.
8. Напред кратко, одзади долго
Кроп топ кој напред е краток, а подолг во задниот дел овозможува поголема покриеност.
9. Килоти
Односно, пантолоните со широк крој, ќе го разиграат кроп топот со нивната релаксирана силуета.
10. Во ист принт
Кроп топ + шорцеви/здолниште со истиот принт ќе направи да изгледате како права дама.
11. Криенка
Кога кроп топот ќе го споите со комбинезон добивате смела, а сепак мистериозна комбинација која сигурно ќе мами воздишки.
12. Слоевито облекување
Кроп топот не е парче кое се носи само во лето. Ако добро се комбинира може да се носи дури и на ладно време. Облечете го врз подолги блузи за обичен, секојдневен, а сепак модерен изглед.
13. Во комбинација со сако
Блејзер комбиниран со кроп топ е комбинација која може да биде соодветна за обичен ручек со пријателките, вечерни излегувања, па ако е добро комбиниран, дури и за на работното место.
14. Со макси здолниште
Долгото здолниште сигурно ќе го украде целото внимание, а кроп топот е само бонус.