Моден хит за оваа пролет: цветни чевли
Пролетта е најдоброто годишно време да го истакнете вашиот забавен и ведар дух. Тоа е најдобриот период да си играте со стилови и бои, кои најмногу ја провоцираат вашата среќна „вибрација“. Сите девојки сакаат цвеќиња, но дали би ги носеле на стапалата? Кога модните дизајнери се согласуваат, зошто да не и вие?Чевлите со цветни принтови се одлични за секоја девојка која сака да ја истакне својата женственост, уметничка природа и разигран стил на облекување. Мода, која го покренува расположението на секој околу вас. Во последниве неколку години, овие чевли се упорно во тренд секоја пролет, како еден вид прослава за цутењето на пролетните цвеќенца. Совет: кога носите цветни чевли, многу е важно да ги комбинирате со едноставна облека. Доколку сакате да постигнете формален, но малку разигран изглед за на работа, комбинирајте ги со црни, бели, сиви или светло кафени капри-панталони, а за заводнички изглед, комбинирајте ги со фустан во жива боја, а може и со двобоен, кој ќе одговара на боите на чевлите. Мешајте стилови и бои. Цветните чевли ги има во секаква варијанта, од патики, до ниски чевлички, сандали, потпетици…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
kinezite ni ja diktiraat modata ovde? kineski cevli