Модели споделуваат трикови за убавина коишто им помагаат да изгледаат беспрекорно во секоја ситуација

Модели споделуваат трикови за убавина коишто им помагаат да изгледаат беспрекорно во секоја ситуација

Секој професионалец си има свои совети и трикови кога станува збор за усовршување на изгледот. Во продолжение откријте ги тајните на професионалните модели кои им овозможуваат да изгледаат неверојатно на модната писта, но и настрана од неа.

1. Без двојна брада

Модели споделуваат трикови за убавина коишто им помагаат да изгледаат беспрекорно во секоја ситуација

Моделите кои се многу барани престануваат да разменуваат пораки со агентите само кога им е потребен сон. Интересно е што кога го користат телефонот, моделите ги поставуваат лицето и телото на малку поразличен начин од другите луѓе. Девојките или ја држат нивната брада со дланката или ја држат исправено. Овој трик не само што ги ослободува од неудобноста, туку го спречува појавувањето на двојна брада. Најважно е да не ја поставувате целата брада на дланката, туку да замислите невидлива линија под која главата не би требало да се спушти.

2. Без траги од пудра на облеката

Модели споделуваат трикови за убавина коишто им помагаат да изгледаат беспрекорно во секоја ситуација

Асистентите на моделите често им ставаат шал врз лицето кога е време за промена на облеката. Го прават ова за да не ја извалкаат облеката со шминка. За жал, просечната жена нема асистенти, но секоја си има свој пристап за облекување кога има шминка на неа.

3. Свиленкаста и сјајна кожа

Модели споделуваат трикови за убавина коишто им помагаат да изгледаат беспрекорно во секоја ситуација

Моделите на Victoria’s Secret ја прават нивната кожа сјајна со лосион со светкав прав. Нема потреба да ги купувате овие продукти посебно. Истиот ефект можете да го постигнете ако ставите малку хајлајтер или светкава сенка за очи во обичниот лосион за тело.

4. Рутина за миење

Модели споделуваат трикови за убавина коишто им помагаат да изгледаат беспрекорно во секоја ситуација

Моделите не го кријат фактот дека не носат многу шминка кога не се на пистата. Сепак, малкумина знаат дека повеќето од нив го чистат лицето на различен начин. Растворите за миење на база на сапун не само што ги отстрануваат продуктите од лицето, туку ја отстрануваат и заштитата на кожата. Понежен начин да го исчистите лицето е да користите отстранувач на шминка или марамчиња. Многу модели користат кисела вода наместо тонер. Иако е многу поевтино, нема некоја голема разлика.

5. Бричење наместо пилинг

Модели споделуваат трикови за убавина коишто им помагаат да изгледаат беспрекорно во секоја ситуација

Моделот Џосефин Скривер споделила необичен трик во едно интервју. Таа открила дека го бричи нејзиното лице со обичен жилет два пати неделно. Благодарение на овој третман, нејзината кожа изгледала блескаво, пудрата се нанесувала рамномерно и била речиси невидлива на лицето. Бричењето на лице е многу популарно во Јапонија, а и многу Инстаграм блогерки почнале да го прават истото. Резултатот е импресивен, но постои верување дека по бричењето ќе почнат да растат потемни и подебели влакна. Најдобро е да се консултирате со вашиот козметичар пред да направите нешто.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар