Модели на очила за сонце во боја што ќе бидат во тренд ова лето
Очилата за сонце се одраз на стилот и на индивидуалноста и тие се едни од главните додатоци на секоја модерна жена. Без нив, ќе се чувствувате некако нецелосни, како да ви недостасува некој важни детаљ што го прави вашиот изглед комплетен. Летото сè уште не е официјално пристигнато, но веќе можете да видите очила во боја на виножито насекаде околу вас.
Дури и ако досега сте биле строги во однос на дизајнот и на обликот на вашите очила, новиот тренд ќе ве натера да се вљубите во овие форми преку кои светот изгледа попривлечно и поживописно. Жолтата боја е најактуелна во моментов, а жолтите очила не се погодни само за црните жени и за русокосите, туку и за бринетите и за жените со црвена коса. Друг апсолутен хит се црвените и розовите очила затоа што со нив ќе имате сексапилен изглед. Доколку ви треба инспирација и помош за да го пронајдете совршен модел според обликот на вашето лице, погледнете ги фотографиите во продолжение.
Погледнете кои се 10-те летни трендови за маникир што треба да ги испробате што поскоро.