Модели на чевли што ќе бидат во тренд во сезоната есен/зима 2021 година
Иако не сме подготвени да се збогуваме со летото, температурите овие денови ни даваат до знаење дека е време да почнеме да размислуваме за есенската сезона. На модната сцена ќе доминираат три различни модели, а еве за кои станува збор:
Мокасини
Заборавете на балетанките, мокасините излегуваат на сцена. Тие беа во тренд и минатата година, но оваа есен ќе бидат уште повеќе популарни од вообичаеното. Експертите советуваат да набавите еден пар во црна боја за да можете да ги комбинирате со вашата гардероба.
Чизми во контрастни бои
View this post on Instagram
Овој модел ќе предизвика поделено мислење меѓу дамите. Додека некои ќе ги обожаваат, на други воопшто нема да им бидат симпатични. Овие чизми можете да ги носите со речиси сè, со фармерки, здолништа или фустани. Она што ги карактеризира е бојата на ѓонот која е различна од остатокот на чизмата.
Чизми со квадратен врв
View this post on Instagram
Заборавете на моделите со зашилен врв, оваа есен чизмите со квадратен врв ќе бидат апсолутен хит.
Погледнете кои 8 комбинации ќе бидат во тренд оваа есен.