Модата на улиците во Иран целосно ќе ви ги срушат стереотипите за ова парче земја

Модата на улиците во Иран целосно ќе ви ги срушат стереотипите за ова парче земја

Денес, на 1-ви февруари, се слави Светскиот ден на хиџабот. Оваа прослава започнала во 2013 година со цел светот да се подучи за тоа што значи да се носи хиџаб. Уште поважно, славењето на овој ден има цел да ги заштити правата на индивидуата што го носи, без да го наметнува ниту пак да го забранува.

Постојат многу контроверзии околу законот за хиџаб во Иран, но тука голем удел имаат и медиумите што ги претставуваат иранските жени како тажни и немоќни. И покрај тоа што во некои ситуации ова може да биде вистина, сепак не е најточниот опис за модерната иранска жена.

За да се отфрлат стереотипите дека жените што носат хиџаб се слаби и несреќни, се појави колекција од ирански жени фотографирани на улиците од својата земја, гордо носејќи го овој моден детаљ што во него изгледаат едноставно неодоливо. Повеќето од фотографиите доаѓаат од блогот „The Tehran Times“, првиот блог за уличен стил од Техеран, чија цел е да се покаже креативноста и стилот на младите жени во Иран.

Продолжете на следната страница за повеќе фотографии…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар