Претходно
Ммм, преубави се! Кифличките со кора од лимон и пудинг од ванила се вкусни и лесни за правење
Дали има нешто поубаво од тоа наутро за време на викендот или попладне, по стресниот работен ден со кафе или чај да поткаснете нешто навистина вкусно?
Ако сте љубители на слатките вкусови, овие кифлички ќе ве воодушеват.
Ви го донесуваме оригиналниот рецепт за кифлички – а најголемите гурмани ќе побараат и репете!
Еве ви рецепт за 12 вкусни кифлички…
Потребни состојки за полнењето со пудинг:
- 1 пакетче пудинг од ванила
- 400 мл млеко
- 1 јајце
- 2 лажици шеќер
- 200 г кисела павлака
Потребни состојки за тестото:
- 550 г брашно
- ½ коцка квасец
- 100 г шеќер
- 1 јајце
- ½ лажичка кора од лимон
- 250 мл млако млеко
- 100 г омекнат путер
- прстофат сол
За наросување:
- 50 г шеќер во прав
View this post on Instagram
Начин на подготовка на кремот:
- Измешајте го пудингот во прав со 3 лажици ладно млеко.
- Ставете го млекото во тенџере и разматете го јајцето во него.
- Стоплете го млекото, додајте ја смесата за пудинг и мешајќи варете го кремот околу една минута.
- Тргнете го тенџерето од шпоретот, истурете го пудингот во голем сад за малку да се излади.
- Откако ќе се излади додајте ја павлаката и добро соединете ги состојките.
- Покријте го кремот со фолија за да не фати коричка.
Начин на подготовка на тестото за кифлички:
- Измешајте го брашното, квасецот, шеќерот, кората од лимон, млакото млеко, омекнатиот путер и јајцето.
- Замесете тесто а потоа, покријте го и ставете го на топло место да нарасне и да го удвои својот волумен (околу 45 минути).
- Потоа повторно размесете го тестото.
- Тестото расукајте го на набрашнета површина и исечете го во форма на триаголници.
- Премачкајте го секој триаголник со 1 до 2 лажици пудинг и обликувајте ги триаголниците во кифли. Притоа, прво преклопете ја најдолгата страна на триаголникот, а потоа завиткајте.
- Пред да ги ставите кифлите во рерна, наредете ги на плех за печење на кој сте ставиле мрсна хартија и оставете ги да нараснат уште 15 минути.
- Испечете ги благите кифлички во рерна загреана на 170 ᵒС додека не добијат златно жолта боја (околу 25 минути), а потоа оставете ги да се изладат на решетка.
Пред сервирање, наросете ги со шеќер во прав.
Можеби сакате да дознаете и како да подготвите торта со пишкоти и јагоди: Божествен вкус кој ќе ве фасцинира!