Митови за шеќерот во кои веднаш треба да престанете да верувате
Сигурно многупати сте прочитале дека консумирањето шеќер е штетно за здравјето, дека од него страдаат забите и се појавуваат акни и мозолчиња. Но, постојат многу митови и невистини дека консумирањето шеќер предизвикува одредени последици и дека влијае на здравјето воопшто.
Првиот таков мит е дека шеќерот е одговорен за хиперактивноста. Овој мит е толку популарен и всаден во мозокот на луѓето ширум светот, па многу родители веруваат дека ако им дадат парче кекс или чоколадо на своите деца тие ќе „полудат“, ќе добијат енергија и ќе започнат да дивеат по куќата. Ова верување настанало поради тоа што слатките најчесто се консумираат на прославите како што се: родендени, забави, слави, венчавки или крштевки. Па затоа, логично е тогаш луѓето, но и децата малку да „полудат“, повеќе да се расположат и да подиват. Доброто расположение нема врска со шеќерот или слатките, а секако шеќерот не е одговорен за доброто или лошо расположение.
Уште едно погрешно верување е дека шеќерот предизвикува дијабетес. Дијабетесот најчесто е наследен, а го предизвикуваат и нездравите навики, начинот на живот и лошиот избор на производи. Имајте на ум дека ако јадете многу чоколади тоа не ве прави кандидат за дијабетичар.
Во желба да ослабете, сигурно најпрво ќе се определите во чајот или кафето да ставате кафеав наместо бел шеќер, бидејќи некаде сте прочитале дека е поздрав и помалку калоричен од белиот шеќер. Кафеавиот шеќер содржи многу адитиви, вештачки бои и многу е понездрав од белиот. Лага е дека белиот шеќер е високо калоричен и дека се дебелеете од него.
Уште едно верување кое не само што е обичен мит, туку и ќе влијае штетно врз вашето здравје е дека треба да го избегнувате овошјето, бидејќи е преполно со сахароза. Овошјето е полно со влакна и да, содржи шеќер, но тој шеќер е природен и не е исполнет со адитиви и нездрави состојки од кои се направени некои слатки, џемови, кремови и слично. Овошјето содржи влакна кои ќе ви помогнат да го стабилизирате холестеролот и да го изедначите шеќерот во крвта. И затоа треба да консумирате овошје секогаш кога ќе имате прилика.