Митови за ноктите во кои треба да престанете да верувате
Митовите за убавина се едни од најлошите митови! Верувањето во нив, на крајот на краиштата, најлесно се забележува од страна на другите. Токму затоа и во продолжение решивме да споделиме со вас неколку митови за ноктите во кои треба веднаш да престанете да верувате.
Мит број 1: Вашите нокти треба да дишат
Ова е прилично иронично, бидејќи ноктите се веќе составени од мртви клетки и затоа не им е потребен кислород! Сѐ додека водите сметка за нивната хигиена, како и за салоните кои ги посетувате, единствената работа за која треба да се грижите е како да го отстраните лакот во целост. Совет плус: Дамките можете да ги отстраните со дополнителна количина ацетон или со малку посилно триење со четката во текот на миењето раце.
Мит број 2: Белите дамки на ноктите се од недостаток на калциум
Не, ниту ова не е точно. Белите дамки на ноктите се резултат од механичко оштетување на плочките. Причината може да биде лошото отстранување на вештачките нокти или едноставно удирање на ноктите од некој предмет.
Мит број 3: Гелот е подобар од вештачките нокти
И двете варијанти се штетни, бидејќи се во прашање хемикалии. Па така, ако веќе сакате, изберете која било од овие две опции, само водете сметка за тоа како подоцна безбедно ќе ги отстраните.
Мит број 4: Сечењето на заноктиците е добро за нокотот
Не е! Важно е да ги негувате заноктиците со соодветни креми, а не смеете никако да ги сечете, бидејќи со тоа можете да поттикнете инфекција на ноктите. Тој во никој случај нема да израсне поздрав и појак како што мислите.
Мит број 5: Ако ги обликувате со турпија, тие ќе бидат поцврсти и поздрави
Овде треба да се земат неколку работи предвид. Острата турпија може да го оштети нокотот, па ќе биде потребно доста време за тој повторно да израсне како што треба. Освен тоа, исто така е важно ноктите секогаш да ги турпијате во иста насока, бидејќи само така ќе останат цврсти и здрави, исто како што сакате. И секако, ќе имаат совршен облик!
Мит број 6: Ставање ацетон во стар, згуснат лак помага тој да трае подолго
Ова е инстант решение доколку баш сега сакате да го намачкате тој стар, совршен лак за нокти кој повеќе никаде не можете да го пронајдете. Но, со овој потег не сте го продолжиле неговиот живот. Напротив, подобро решение би било да вложите пари во нов лак за нокти кој ќе трае подолго на вашите нокти.
Мит број 7: Производите за нега на ноктите се доволни за нивен правилен и здрав раст
Кремите за нокти и заноктици се добри за нега и заштита. Но, витамините нема да ги добиете на тој начин. Доста е важно убаво и правилно да јадете, да внесувате витамини и доволно вода за вашите нокти навистина да изгледаат цврсти и здрави. Запомнете, исхраната е клучна!