Митови и факти за јаболковиот оцет

Митови и факти за јаболковиот оцет

Како и многу други продукти, така и јаболковиот оцет има свои здравствени придобивки кои можете да ги сретнете на многу веб-сајтови. Но, многу од овие придобивки најчесто не се вистинити, а понекогаш дури го имаат и спротивниот ефект. Погледнете дел од нив.

apple cider vinegar

Јаболковиот оцет помага при слабеењето

Ова е едно од најпознатите тврдења за јаболковиот оцет. Тврдењето потекнува од истражување во Јапонија кое покажало дека 2 лажици оцет на ден може да ви помогнат да ослабите неколку килограми за 12 недели. Но, ова истражување никогаш не било забележано и користело само 175 испитаници. Лекарите препорачуваат дека никогаш не треба да пиете само оцет поради неговата киселост.

Миењето на косата со оцет ќе го отстрани првутот и ќе го подобри нејзиното здравје

Јаболковиот оцет, измешан со вода и сода бикарбона многу често се користи како алтернатива за шампон, поради идејата дека не ги содржи хемикалиите кои се наоѓаат во продуктите за коса. Но дали ова навистина функционира? Некои луѓе веруваат дека одредени видови шампони ги отстрануваат природните масла од косата и предизвикуваат првут и сушење, но претераната употреба на оцет може да го направи токму истото. Исто така, јаболковиот оцет може да ја промени бојата на вашата коса.

Јаболковиот оцет помага во лекувањето на дијабетес тип 2

Ова тврдење се поврзува со мислењето дека јаболковиот оцет го намалува шеќерот во крвта и нивото на инсулин. Постојат неколку истражувања за ова, но резултатите се измешани. Две истражувања ја потврдиле оваа идеја, но користеле многу малку испитаници, околу 12.

Миењето на забите со јаболков оцет ќе ги направи побели

Овој совет тврди дека оцетот ќе ги отстрани наслагите од забите, но ако се користи многу често може да ги оштети. Со ова второто се сложуваат многу заболекари. Киселоста на оцетот ќе ги ослаби забите и ќе ги направи склони кон кариес. Значи нанесувањето оцет директно на вашите заби, не е добра идеја.

Јаболковиот оцет лечи од рак бидејќи ја намалува киселоста на телото

Овој совет веќе е опасен. На Интернет можете да најдете многу веб-сајтови кои тврдат дека оцетот е чудотворен лек кога ќе го измешате со сода бикарбона. Но, ова воопшто не е точно. Не постои цврст доказ кој покажува дека киселоста на телото и ракот се поврзани. Никогаш не треба да користите оцет како замена за лекови што е медицински докажано дека се ефективни.

Запомнете, ако нешто звучи премногу добро за да биде вистинито, веројатно не е вистинито.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар