Мислите дека сите бродови ви потонале? 26 начини да почнете повторно вистински да живеете
Промената е единствената константа во нашите животи. Без разлика колку животот понекогаш станува тежок, ние мораме да продолжиме да се бориме и да се прилагодуваме на промените, со цел да растеме и вистински да живееме. Доколку упорно се држиме до некои свои ригорозни идеологии, еден ден повеќе нема да можеме да се прилагодиме на животните промени и загатки.
Продолжете да читате и откријте ги 26-те начини да воспоставите рамнотежа во вашиот живот, кога ви изгледа како сите бродови да ви потонале:
1. Активирајте го вашето тело
Спортската активност и здравјето на вашето тело играат клучна улога и во вашето психичко здравје. Затоа имајте на ум дека здравото тело ќе придонесе да имате и здрав ум.
2. Патувајте
Тоа не мора да биде некое луксузно патување на вашата дестинација од соништата. Едноставно, заминете некаде на викенд, посетете место коешто не сте го посетиле досега и забележете како ви се „полнат батериите“.
3. Најмногу размислувајте на сегашниот момент, па на иднината, а најмалку на минатото
Зошто паѓаме во животот? За да научиме како повторно да се дигнеме на нозе! Затоа, немојте да се прекорувате себеси за грешките направени во минатото. Простете си и продолжете понатаму.
4. Запознавајте нови луѓе
Новите средби доведуваат до откривање нови хоризонти. Некои луѓе ќе го променат начинот на којшто гледате на животот, а понекогаш токму тој нов пар очила е сè што ви е потребно.
5. Бидете отворени и искрени
Бидете спонтани! Животот е премногу краток за да го живеете според некаков прирачник за употреба.
6. Бидете свесни за вашето здравје на долг рок
Немојте да си дозволите да „прегорите“. Вашето целокупно здравје и благосостојба се многу позначајни од пропуштениот рок на работниот проект или од забавата од која порано сте си заминале.
7. Бидете свои во надворешниот изглед
Отфрлете ги општествените стандарди за „нормален“ изглед. Доколку сакате кратко да ја потстрижите косата и да ја бојадисате во боите на виножитото – направете го тоа. Доколку одамна посакувате да ставите пирсинг на лице или голема, видлива тетоважа – не се воздржувајте. Не дозволувајте никој да ве става во калап и да ви каже што ви доликува, а што не.
8. Оттргнете се од негативноста
Без разлика дали изворот на вашата негативност потекнува од работата што ја мразите или од дволичниот пријател со кој поминувате премногу време, време е да се соочите со вистината. Пронајдете позитивен извор на енергија и оставете ги хаосот и негативната енергија зад себе.
9. Вратете ја слободата во вашиот живот
Паметно распределете го вашето слободно време на работите коишто ве прават среќни. Запомнете дека не сите нешта коишто ви се случуваат во животот го заслужуваат вашето внимание.
10. Обратете им се на луѓе коишто поминале низ истото
Пронаоѓањето луѓе коишто имаат поминато низ слични искуства како и вие може да ви биде од огромна помош во вашиот процес на закрепнување. Учете од нивните успешни приказни за преживување во тешките моменти.
11. Допуштете си една седмица само за себе (не е потребно да патувате)
Исклучете се од сè. Седум дена правете буквално сè што ве прави среќни: појадок во кревет, маратон во гледање ТВ серии или капење во топла када со миризлива купка. Разгалете се!
12. Исфрлете некои работи од вашиот дом
Фрлањето предмети коишто повеќе не ви служат е како терапија. Чистиот дом ќе направи да се чувствувате смирено однатре. Плус, тоа е одлична вежба за вашиот мозок, бидејќи со предметите ќе ги исфрлите и лошите спомени кои доаѓаат заедно со нив.
13. Зацврснете ги односите коишто ви се важни
Направете си листа на приоритетни луѓе во вашиот живот. Негувајте ги врските со личностите коишто прават да се чувствувате исполнето.
Продолжете на следната страница…