Мислите дека се заљубувате пребрзо? Ако се присутни овие знаци, тогаш сте во право!
Љубовта не треба да ја брзате, барем така велат, но ретко кој може да се придржува до тоа. Некои жени се заљубуваат пребрзо, а ако сте вие една од нив, ова се знаците кои покажуваат дека можеби треба да успорите.
1. Не ви се јавил…
…И вие мислите дека тоа е крајот на светот. Ако само што сте го запознале и сè уште сте во фаза на мување, тогаш нема потреба да се слушате почесто. Ако тој не ви се јавил еден ден и вие мислите дека е потребно да направите драма, најверојатно премногу брзо се загревате и на тој начин ги плашите мажите.
2. Вие имате испланирано сè
Тој планира евентуално да се најдете на кафе во текот на неделата, а вие веќе испланиравте заедничко летување за следната година? Намалете малку, кој знае каде ќе бидете тогаш.
3. Сакате да го запознаете со пријателките
Пред да го запознаете новото момче со пријателките, можеби ќе биде паметно најпрво вие да го запознаете доволно добро и потоа да одлучите дали ќе го претставите и пред нив или пак не.
4. Мислите дека тој е оној „вистинскиот“
Не велиме дека не е, но не може да го знаете тоа после само неколку недели. Особено ако на неколку недели запознавате ново момче за кое мислите дека е оној „вистинскиот“.
5. Сакате сè што сака тој
Убаво е да се прилагодите, но ако после неколку недели се претворите во девојка која ги слуша сите негови омилени бендови и оди на сите места каде што оди тој, бидете сигурни дека малку претерувате. Не мора да се претворите во негов клон за тој да ве засака.