Миризлива маска од какао за поголем волумен и побрз раст на вашата коса

Миризлива маска од какао за поголем волумен и побрз раст на вашата коса

Оваа маска го стимулира дејството на коренот на косата и го забрзува нејзиниот раст. Со редовна употреба, вашата коса ќе стане многу погуста и побујна.

Миризлива маска од какао за поголем волумен и побрз раст на вашата коса

Маската за коса се базира на какао, кое не само што го зголемува нејзиниот обем туку и ја обновува нејзината структура, и ѝ дава мекост и сјај. Но, покрај одличните придобивки за здравјето на вашата коса, благодарение на нејзината арома, вашата коса ќе добие и прекрасен мирис.

Потребни состојки:
  • 110 грама кефир
  • 1 кафена лажица какао
  • 1 жолчка од јајце
Начин на подготовка и употреба:

Промешајте ги заедно сите потребни состојки. Дел од добиената смеса нанесете ја на коренот и потоа расчешлајте низ целата должина на вашата коса. Кога таа ќе почне да се суши, нанесете уште еден слој, па потоа повторете уште еднаш. Откако ќе завршите со 3-те нанесувања, ставете врз вашата глава најлонска кеса и потоа замотајте ја во пешкир со цел да ја стоплите. Почекајте 20-30 минути и потоа измијте ја косата на секојдневниот начин.

Маската се нанесува на нечиста и сува коса. Доколку сакате да постигнете видливи резултати, користете ја 2 до 3 пати неделно, во рок од 2 месеца. Доколку маската ја користите поретко, волуменот ќе биде видлив само веднаш по употребата.

Доколку имате светла коса и редовно ја користите оваа маска постојат шанси бојата на вашата коса малку да се промени бидејќи какаото е природна боја за потемнување на косата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар