Мини тортички на стапче со фил од бело чоколадо
Автор: Ема Јакимовска
Ви се јаде нешто благо, а дома немате ништо? Сте слушнале ли за тортички на стапче? Налик на слатки мали лижавчиња, кои можете да ги направите во каква било боја или вкус. Неверојатно креативни и одлични за секоја прилика. Рецептот е лесен и едноставен. Спремни? Ајде да почнеме.Прво нешто што треба да направите е да испечете торта. Ние се одлучивме за тортата Црвено кадифе.
Потребни состојки за тортата:
- 250 г брашно
- 380 г шеќер
- 1 лажица какао
- 1 лажица сода бикарбона
- 2 јајца
- 350 мл масло за јадење
- 250 мл маштеница
- 1 лажица оцет
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 12 лажички црвена прехранбена боја
- 230 г крем-сирење
Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 250 степени. Намаслeнете и посипете со брашно две тавчиња. Во еден сад со маталка изматете ги јајцата и потоа додадете ги сите останати течни состојки. Во друг сад, ставете ги сите други суви состојки и измешајте. Потоа, двете смеси спојте ги во една и мешајте ги сè додека не стане хомогена. Сипете ја смесата во двете претходно подготвени тавчиња. Печете 30 минути. Откако ќе се испечат, оставете ги да се оладат десетина минути.
Испечената торта растурете ја во еден сад. Додадете едно пакување крем-сирење. Потоа измешајте ја смесата. Кога ќе добиете хомогена смеса, од неа направете топчиња. Откако ќе ги направите, ставете ги во фрижидер 1-2 часа или во замрзнувач околу половина час. Потоа, стопете бела чоколада. Кога ќе се изладат топчињата, земете подолги стапчиња, пластични или дрвени, и брцнете ги во истопената чоколада. Откако секое стапче ќе го натопите во белиот крем, брцнете му една црвена тортичка и повторно потопете го стапчето во бело чоколадо. Стапчињата редете ги на тврд сунѓер. Кога ќе се исушат спремни се за послужување.Секако, украсувањето на стапчињата е ваш избор. Бидете креативни, декорирајте и уживајте!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.