Мини питички со печурки за мрзливите гурмани

Мини питички со печурки за мрзливите гурмани

Брз рецепт што ќе ги задоволи сите ваши сетила!

Потребни состојки:
  • 350 грама брашно
  • 400 грама путер
  • 1 јајце
  • 1 жолчка
  • 20 грама сол
  • 200 грама шампињони
  • 400 грама мешани печурки по ваш избор
  • 200 грама кромид
  • 2 чешниња лук
  • 100 грама изрендан пармезан
  • 0,5 грама црвен пипер
  • 1 гранче свеж магдонос
Начин на подготовка:

Замесете го тестото за питичките со брашното, 250 грама од путерот, јајцето, жолчката и 10 грама сол.

Поставете го тестото на парче проѕирна фолија, па прекријте го со друго парче и потоа развлечете го сè дур не дојде на дебелина од 3-4 милиметри. Намачкајте ги калапите со големина од 8-11 сантиметри со путер (околу 50, 60 грама), и исечкајте го тестото на парчиња што ќе бидат околу 2 сантиметри поголеми од калапот. Пополнете ги калапите, покријте со алуминиумска фолија и печете 15-тина минути на 180 степени.

Во меѓувреме, тенко исечкајте ги кромидот и лукот, како и печурките. Пропржете ги на путер, и потоа зачинете со солта и црвениот пипер. Извадете ги питичките од рерна, тргнете ја алуминиумската фолија, ставете го сосот што го добивте и вратете ги во рерна на уште 4-5 минути.

Пред послужување просипете пармезан и декорирајте со листови свеж магдонос. Добар апетит.

А можеби би сакале да ги пробате и овие печени домати со спанаќ и сирење?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар