Мини пицички со тесто од карфиол

Мини пицички со тесто од карфиол

Вкусна, нисокалорична варијанта на пицата со традиционално тесто

1-mini-picichki-so-testo-od-karfiol-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 1 голема глава карфиол
  • 2 јајца
  • 340 г рендана моцарела
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка босилек
  • 2 лажички лук во прав
  • 250 мл доматен пица сос
  • 12 свежи ливчиња босилек
  • 1 домат исечкан на 12 тенки крукчиња
  • 50 г пармезан
Начин на подготовка:
  1. Во блендер или процесор за храна иситнете го карфиолот на трошки, но не премногу ситно. Издвојте околу 400 грама од смесата, а остатокот сместете го во фрижидер за идни пици, верувајте ќе сакате да го повторите ова.
  2. Ставете го карфиолот во микробранова во соодветен сад на околу 8 минути. Потоа дозволете да се олади околу 10 минути. Додајте ги двете јајца, 2/3 од моцарелата, ориганото, босилекот и лукот во прав и мешајте додека убаво не се соединат.
  3. Загрејте ја рерната на 230 степени.
  4. Намасленете ја малку тавата за пица или пак хартијата за печење. Поделете ја смесата на 12 топчиња. Ставете ги топчињата на тавата и потсплескајте ги за да се формираат тенки кружни плочки во ширина од 10 см. Печете ги во рерна 15 минути додека не добијат златно-кафена боја. Краевите може да бидат малку изгорени, но тоа е во ред.
  5. Извадете ја тавата од рерна. Потоа додајте пица сос, ливчиња босилек, остатокот од моцарелата и пармезан на секое парче и завршете со резанка домат.
  6. Вратете во рерна и печете додека сирењето не се растопи и доматите да бидат малку потпечени, околу 5 минути. Извадете ги од рерна и дозволете да се оладат околу 5 минути пред да ги сервирате.

2-mini-picichki-so-testo-od-karfiol-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар