Мила Кунис започнала нов тренд: Најслатката фризура за оваа пролет
Мила Кунис одлучила да ја освежи својата фризура со мала, но одлична промена којашто е идеална за пролетната сезона. Актерката се препуштила во рацете на фризерот Ренато Кампора кој се одлучил за популарниот лоб, односно за долгиот боб.
View this post on Instagram
Со оваа фризура, нејзината рамна, тенка коса добила волумен, за којшто најмногу помогнале слоевите со различи должини што идеално ѝ го врамиле целото лице. Лоб е единствената фризура што може да ја носат сите девојки, со сите облици на лице, но и сите видови коса – од рамна до кадрава, од тенка до густа.
Со нејзината Инстаграм објава, Мила Кунис ставила крај на трендот за рамна коса и го вивнала лобот уште повисоко на листата за популарност. И тоа е сосема разбирливо, бидејќи оваа фризура е практична и лесна за стилизирање, и ако погледнеме наназад низ годините – безвремена!
Погледнете ја и оваа шик пунџа за секоја прилика за која ви се потребни само 5 минути.