Метод што ќе ви помогне да бидете среќни и задоволни од себе

Метод што ќе ви помогне да бидете среќни и задоволни од себе

Големите грчки филозофи ги имале сите одговори кои денес ги учиме на разни тренинзи и работилници и преку Интернет. Секој од нас има свој пат до совршенството, доколку сака да го достигне. Запрашајте се, што е oна што го правите одново и одново што станало ваша навика, и дали во вашиот свет ова е совршенство? Односно, дали вие се сметате за совршена личност?

Метод што ќе ви помогне да бидете среќни и задоволни од себе

Или пак кај вас наоѓате илјадници мани? И дали можеби постојано се споредувате со другите? Без разлика која е ситуацијата, можеби ова е вистинскиот момент да си го поставите ова прашање. Дозволете им на одговорите сами да дојдат, а најверојатно веќе и ги знаете.

Што значи за вас да бидете совршени и што е потребно за да го потврдите тоа? За да станете совршена личност во овој момент, треба да го тргнете вашиот внатрешен критичар настрана. Иако не е лесно да го направите ова, навистина вреди.

Вашиот внатрешен критичар е постојано буден и често ве потсетува да се споредувате со другите. А ова споредување е само залудно и е совршен чин на покажување агресија кон себе.

Секој од нас е потполно различен, со свои искуства, ресурси и внатрешен свет. Секој има посебен ритам на промена, усвојување и применување, а со тоа и своја интерпретација на она наученото.

Па, една недела ослободете се од внатрешниот критичар и почнете да ги цените нештата што ги правите секојдневно. Не е важно дали тоа е правење ручек, подготвување на финансиски извештај или плетење. Едноставно, дајте си признание за што било што ќе направите во текот на денот. Обидете се и да запишете што сè сте одработиле во еден ден и ќе се изненадите од должината на листата.

Правете го ова цела недела и на крајот ќе сфатите дека има некакво совршенство во секој ваш ден.

Прочитајте ги и најкратките совети за среќа што треба да си ги повторувате секој ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар