Метод по кој полуде целиот свет: Пијте вода секој ден веднаш штом се разбудите
Нема сомнеж дека водата е еден од најкорисните пијалаци за човечкото здравје. Познат е фактот дека 2/3 од човечкото тело е создадено од вода и дека таа е од витално значење за опстанокот на човекот и воопшто за секој жив организам.
Па така, постои една едноставна навика која ја вклучува водата за пиење и која може да ви помогне да го подобрите вашето здравје на многу нивоа. Сѐ што треба да направите е да испиете чаша вода во моментот кога ќе се разбудите. Ако мислите дека ова е незначајно и дека ништо нема да постигнете, не сте во право.
Станува збор за позната јапонска терапија со вода и е многу ефикасна кога се работи за превенција на различни болести и здравствени состојби. Тука спаѓаат артритис, колитис, мигрена, намалување на болката, болка во гради, елиминација на лошиот холестерол и висок крвен притисок.
Наутро, веднаш штом ќе се разбудите испијте 650 милилитри вода, односно околу 3 чаши вода. 45 минути откако ќе ја испиете водата, започнете ја дневната рутина и појадувајте. Немојте да јадете ништо во текот на тие 45 минути.
Пијте најмалку 1 чаша вода пред секој оброк и не пијте ништо друго 2 часа по оброкот. На тој начин ќе забележите драстични промени во вашето здравје и ќе се чувствувате подобро.