Мешавина од две состојки што ќе ви помогне да се ослободите од стресот и несоницата

Мешавина од две состојки што ќе ви помогне да се ослободите од стресот и несоницата

Солта, исто како и шеќерот, не се препорачува во големи количини поради потенцијалната штета што може да му ја нанесе на организмот. Сепак, ова не значи дека не постои позитивна страна на овие намирници, особено кога станува збор за комбинација од двете.

Мешавина од две состојки што ќе ви помогне да се ослободите од стресот и несоницата

Солта помага во намалување на главоболката, го зајакнува имунитетот и го покачува нивото на енергија, серотонин и електролити.

Имено, луѓето кои имаат проблеми со несоница можат да го ублажат нивниот проблем со комбинација од шеќер и сол. Шеќерот и солта се како батерии за клетките – гликозата го овозможува дотокот на енергија во митохондриите, а рамнотежата на натриум во меѓуклеточната течност им овозможува на клетките правилно да дишат и да произведуваат енергија. Покрај тоа, и двете намирници се како алатки за справување со стресот.

Шеќерот му испраќа сигнал на телото да престане со лачењето на стрес хормоните кои имаат лошо влијание на метаболизмот и предизвикуваат несоница. Солта е важна во одржување на рамнотежата на хормоните, особено на адреналинот. Па, ако често се будите навечер, особено помеѓу 2 и 4 часот наутро и чувствувате адреналин што не ви дозволува да заспиете, можеби решението за вас е комбинација од шеќер и сол.

Како да го направите правот за спиење?

Односот помеѓу солта и шеќерот треба да биде 1:5. Најдобро е да користите нерафинирана морска сол и квалитетен кафеав шеќер. Ако не можете да ги набавите, можете да употребите и обични сол и шеќер.

Измешајте 5 лажици шеќер и 1 лажица сол и ставете ги во стаклена тегла. Оваа смеса ќе ви трае долго. Пред спиење или кога ќе се разбудите во текот на ноќта, ставете малку од смесата под јазикот и оставете ја да се стопи.

Пробајте ги и овие техники што ќе ви помогнат да се справите со несоницата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар